Која мирисна нота најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Која мирисна нота најмногу му одговара на вашиот хороскопски знак?

Верувале или не, хороскопот може да открие многу нешта во врска со вас кои воопшто не сте ги знаеле, па дури и која мирисна нота најмногу ви одговара. Брзо пронајдете го вашиот знак и откријте кој парфем и мирисна нота најмногу ви одговараат.

1-koja-mirisna-nota-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Овен

Вие сте огнени и експлозивни. Секогаш сте супер зафатени, со немирен дух и не ве држи место. Без разлика што и да правите вие сте многу мотивирани и чувствувате дека вашата улога овде е да постигнете нешто големо. Имате магнетна привлечност и никој не може да ви одолее. Мирисната нота која е совршена за вас е онаа која ќе го следи вашиот „див“ дух, како на пример – капина.

Бик

Вашиот омилен збор, но и она што ве води низ животот е балансот. Умеете да бидете доста чувствителни и поради тоа во сè што правите барате хармонија, особено кога се во прашање односите. Вие сте вистински љубители на задоволството и убавината, безнадежно сте романтични, но и доста приземни, упорни и сигурни. Својата сензуална страна најдобро ќе ја истакнете со нежен мирис на кашмир.

Близнаци

Вашиот знак е дефинитивно „најживиот“ знак во зодијакот и на вас никогаш не ви недостига љубов, иновативност и љубопитност. Вие сте комуникативни, обожавате партнерство, но многу повеќе од романтиката го сакате квалитетниот интелектуален разговор. „Слоевитите“ парфеми се вистинскиот избор за вас, а нотата која најмногу ќе ви пријае е токму мирисот на бел грејпфрут.

Рак

Грижливи сте, внимателни и сигурни, па затоа сите ваши пријатели ви се обраќаат за совет кога имаат некој проблем. Понекогаш знаете да бидете премногу чувствителни и нерасположени, но не на лош начин – вашата чудност само покажува дека обрнувате внимание на светот околу вас и на луѓето кои ви се важни. Вашата личност е мистериозна и „длабока“, а на вашата слатка природа најмногу ќе ѝ одговара мирисот на ванила.

2-koja-mirisna-nota-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Лав

Вие сте вистинска кралица на драмата. Дури и кога сте мирни и молчеливи тоа сите ќе го забележат. Вие сте роден лидер, сакате да бидете во центарот на вниманието и сметате дека светот е ваша сцена. Екстровертни сте, сакате да се забавувате, весели сте и харизматични. Парфемот кој ви е потребен е оној кој ќе го привлече вниманието кон вас и ќе ги наведе луѓето да се запрашат – која е онаа девојка? Затоа побарајте парфеми кои имаат нота на ирис и љубичица.

Девица

Девиците важат за нежни, деликатни и чувствителни девојки кои се спремни да направат сè за останатите, а себеси секогаш ќе се стават на второ место. Вие сте „девојка зад сенката“ која секогаш е совршена, која прави сè перфектно и на која другите секогаш може да се потпрат. Генерално сте смирени, но знаете и тоа како да се изнервирате и затоа ќе ви пријае мирис кој во секој момент ќе може да ве опушти. Нотата која може да го исполни ова барање е нежниот мирис на ружа.

Вага

Вие сте шармантни, дружељубиви и просто заљубени во љубовта! Во вашето друштво никогаш не е досадно, бидејќи секогаш сте задолжени за добрата забава. Можеби за останатите сте личност која не сака да се врзува, но во длабочината на вашата душа сте доста романтични. Нотите кои најмногу ви одговараат се цреша, мошус и сандаловина.

Скорпија

Вие сте мистериозни, неодоливи, привлечни и издишувате со сексапил. На сè што правите му пристапувате со многу страст или не го правите тоа воопшто. Со вас воопшто не е лесно, но тоа е една од вашите магии. Само ретките ќе откријат колку е добро со вас, непредвидливо и забавно, бидејќи партнерот, но и друштвото, секогаш го избирате спрема себе. За вас совршен мирис е мирисот на мошус.

3-koja-mirisna-nota-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Вие сте независни, имате способност да се прилагодите на секоја ситуација или околина, секогаш сте весели и оптимистични. Со вас не е возможно останатите да бидат негативни или нерасположени, бидејќи вие просто зрачите со позитивна енергија. Во склад со вашата природа, потребен ви е парфем кој ќе ја одржува вашата позитивна и ведра страна, односно избирајте ноти на крин, нарцис и ружа.

Јарец

Вие сте личност која сака сè да држи „под конец“. Кај вас сè мора да се сложува едно со друго и тоа не само кога е модата во прашање, туку и за секој останат аспект од вашиот живот. Имате ваши правила и прописи по кои живеете и кои ги сметате за важни за својот успех и раст, односно затоа и очекувате и другите да го почитуваат тоа. За вас идеална мирисна нота е жолто лале, карамбола и крин.

Водолија

Водолиите секогаш се таму некаде, во иднината, во својата фантазија, во некој свој свет. Тие се идеалисти, принципиелни и тврдоглаво се држат до она во што веруваат дека е важно. Како пријатели се доста посветени. Како креативни, во секој поглед се едноставни, па затоа најмногу ќе им пријае мирис на мандарина.

Риби

Рибите се навистина тешки за да се „дефинираат“. Тие поседуваат одредена длабочина и таинственост, а вашата специфична енергија магнетски ги привлекува луѓето. Имате нешто во себе поради што сите останати најмногу се интересираат за вас. Бидете незаборавни со опојниот мирис на јасмин.

4-koja-mirisna-nota-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар