Која е вашата најсилна карактерна црта според кинескиот хороскоп?
Што е тоа што ве прави личноста што сте? Одговорот е многу едноставен! Вие можете да ѝ се заблагодарите на вашата генетика, на карактерниот тип, како и на хороскопскиот знак за вашите препознатливи црти. Но, има нешто што можеби никогаш не сте се сетиле да го проверите, а што може да ви ја открие најсилната карактерна црта. Станува збор за вашиот кинески хороскопски знак! Кинеската астрологија е малку поинаква од нашата, па може да ви биде и малку непозната, па токму затоа и ќе ви открие нешта што сигурни не сте ги знаеле досега. Едноставно најдете го вашиот кинески хороскопски знак (којшто се одредува според годината на раѓање) и прочитајте што е тоа што најмногу ве опишува како личност.
Стаорец: Перфекционизам
Кога станува збор за забележувањето детали, не постои некој што може да му парира на Стаорецот. Иако повеќето Стаорци немаат предност во личниот изглед, тие секогаш знаат точно што се случува околу нив со само еден поглед.
Вол: Добрина
Дали ова може да се смета за уникатен квалитет? Секако, бидејќи топлите Волови се секогаш толерантни и од помош – квалитет кој ретко кој друг го поседува. Токму затоа и нив ги следи толку добра среќа низ животот.
Тигар: Планирање
Никој не може да се натпреварува со Тигрите кога станува за планирање. Додека другите луѓе сè уште лутаат без цел, Тигрите веќе имаат јасен план што почнале да го следат, притоа стигнувајќи до успехот многу полесно и побрзо.
Зајак: Издржливост
И покрај тоа што зајаците не се познати по талентот и интелигенцијата, тие имаат посилна издржливост од сите останати знаци. Тие можат да прават нешта што другите не можат ни да ги замислат и да постигнат цели што другите никогаш не би ги стигнале.
Змеј: Престиж
Змејовите отсекогаш можеле да ги прават нештата поневеројатно од сите останати, бидејќи во нив има големо количество престиж. Кога се во група, тие имаат тенденција да бидат водачи и да се истакнуваат со својот добар темперамент.
Змија: Грациозност
Змиите се родени со грациозност, поради која имаат уникатна елеганција што најчесто се истакнува во изгледот или во физичките карактеристики. Честопати им завидуваат на Змиите поради оваа карактеристика, но тие едноставно не можат против неа.
Коњ: Енергичност
Според Таоизмот, енергичноста е многу важна карактеристика за човекот. Коњите изобилуваат со неа, и се многу побрзи од сите останати. Тие никогаш не се изморуваат, и постојано туркаат кон напред.
Овца: Талент
Овците се многу талентирани, најчесто во областа на читањето или пишувањето. На кратко, тие се родени со супериорни поетски способности и литературата отсекогаш ги привлекувала и ќе ги привлекува.
Мајмун: Заздравување
Дури и кога се наоѓаат на дното, Мајмуните знаат како одеднаш да се подигнат и да најдат нови начини да ја обноват својата енергија за нова тура борба. Оваа карактеристика е најизразена кај Мајмуните во однос на сите други знаци.
Петел: Уметност
Петлите имаат неверојатна уметност во нив, особено во музиката сликањето. Иако немаат амбиции за светски успех на овие полиња, тие сепак уживаат во нивниот талент и најчесто се брилијантни.
Куче: Адаптација
Главната карактеристика на Кучињата е нивната способност да се адаптираат на секоја ситуација. Иако делуваат едноставно и смотано, Кучињата се всушност многу мудри и можат да ја искористат секоја шанса којашто ќе им се појави на патот.
Свиња: Експлозивност
Најсилната црта на Свињите се крие во нивната моќ. Иако делуваат инфериорно на почетокот, тие со текот на времето стануваат експлозивни. Како што велат, големите умови созреваат побавно!
Прочитајте ги и овие древни кинески мудрости: Оној кој ги победува сите е силен, но оној кој се победува себеси е семоќен!