Која е вашата астролошка боја на моќ?
Секој од нас си има некоја боја, која ја сака, му прилега и едноставно сака почесто да ја користи. Без разлика дали проверувате хороскоп секој ден или само читате интересни астролошки текстови одвреме-навреме, знајте дека вашиот знак диктира многу карактеристики на вашата личност. Така, секој знак во зодијакот има своја моќна боја која ги истакнува најдобрите квалитети кај личноста. Проверете која е вашата и како таа боја да ја инкорпорирате во вашата шминка и гардероба.
Овен
Жестоката личност на женскиот Овен изгледа добро во безобразно црвена. Ако не сте љубители на смелите бои во доминантна варијанта, како за фустан или џемперче, употребувајте црвени елементи за да ја истакнете облеката што ја носите. Црвена чанта или црвени потпетици се одличен избор со кој ќе се истакнете, особено искомбинирани со црна и бела боја.
Бик
Сензитивниот Бик трага по задоволство и сталожени искуства и ја цени хармонијата во својот личен живот и во врските. Земјените тонови, особени зелените и богатите кафени нијанси одлично ја надополнуваат личноста на Бикот. Обидете се да ги истакнете очите со богата кафена сенка.
Близнаци
Енергичните и дружељубиви Близнаци имаат потреба од светли бои во животот. Жолтите и портокаловите нијанси даваат зраци од сончевата светлина во секоја ваша појава. Пробајте жолт маникир кој ќе одговара одлично со промената на боите на лисјата во овој период од годината.
Рак
Светкавите сребрени и млечно белите нијанси се идеални бои за сензитивниот и лојален Рак. Размислувајте надвор од вашата гардероба и пробајте бела сенка за очи за да ви ги истакне и отвори очите.
Лав
Лавовите се бестрашни и самоуверени како нивниот моќен симбол – лавот. Богатите златни и портокалови нијанси додаваат малку величественост во нивниот секојдневен живот. Не срамете се од металик нијансите за време на работната недела – изберете слоевит накит или светкав маникир.
Девица
Девиците се интелигентни, логични, директни, со минималистичките бела и сива како нивни моќни бои. Не потценувајте ја моќта на белата во варијанта од глава до пети – тоа е супервпечатливо и шик за есенската сезона.
Вага
Ако сте лекомислени луѓе кои ги сакаат луѓето, шансите да ја сакате кралската сина и смарагдно зелената се доста големи. Заменете го малиот црн фустан со мал син фустан и сте завршиле работа.
Скорпија
Скорпиите се страсни, динамични личности за кои совршена е светлоцрвената и длабоката бургунди боја. Вампирските темноцрвени усни би требало да се доволно за да го изразите вашиот стил во овој период.
Стрелец
Длабоките пурпурна и црвена и виолетовата се одлични бои за секој Стрелец. Вашата жед за авантура и вештините за раскажување приказни одат одлично со богати, величествени бои. За ваша среќа орхидеја виолетовата не може да биде пожежок избор за вас.
Јарец
Мудрите и амбициозни Јарци ќе направат најдобар избор доколку се одлучат за неутрално кафена, сива и црна боја. Тие најдобро ја рефлектираат вашата личност. Инвестирајте во облека во неутрални бои како капут во боја на камила и црни скини фармерки во соодветниот број.
Водолија
Како воздушен знак, Водолија како бои на моќ ги има небесно сината и зелената. Измешајте ги работите со двобоен омбре маникир.
Риби
Рибите се најсреќни од сите знаци. Сочувствителни сте, простувате и поради тоа најдобро да се ориентирате кон класичната виолетова и онаа во бојата на лавандата. Есенва изберете модри нијанси како на модар патлиџан.