Која боја на кармин му одговара на секој хороскопски знак?

Која боја на кармин му одговара на секој хороскопски знак?

Бојата на карминот е предизвик за секоја жена. Иако правилото гласи дека бојата на карминот зависи од тенот, од сезоната во која го носите или од гардеробата што ја носите, може да зависи и од хороскопскиот знак. Астрологијата може да биде причина зошто имате поголем афинитет кон одредени нијанси на шминка, но и како одредени бои ги отсликуваат карактеристиките на вашиот хороскопски знак. Прочитајте која боја на кармин најдобро му одговара на вашиот хороскопски знак.

Која боја на кармин му одговара на секој хороскопски знак?

Овен

Ако сте родени во овој хороскопски знак, тогаш сте енергични, динамични, конкурентни, понекогаш дури и малку агресивни, храбри и подготвени да ризикувате. Најдобрата боја на кармин за вас е црвената. Ако тоа не е она што ве отсликува, покажете ја вашата самодоверба ставајќи кармин во боја на костен.

Бик

Бикот е силен, доверлив, полн со љубов, доста конзервативен, емотивен и во повеќето случаи, воден од здравиот разум. Совршени нијанси на кармин за дамите родени во хороскопскиот знак Бик се светлорозовата и виолетовата.

Близнаци

Близнаците се експресивни, друштвени, забавни, внимателни и фасцинирани од животот. Најдобрите нијанси на кармин кои им одговараат на овие дами се виолетовата, бојата на вино и бојата на малина. Тие совршено го отсликуваат друштвениот и забавен карактер на Близнаците.

Рак

Раковите имаат силна интуиција. Тие се сентиментални, емотивни, чувствителни, ориентирани кон семејството и лојални. Најдобрите нијанси на кармин за дамите родени во овој хороскопски знак се полесните нијанси на розова, неутралните нијанси или бојата на кожа бидејќи тие најдобро ја отсликуваат мирната природа на Ракот.

Лав

Лавовите се лидери кои понекогаш се многу драматични, но тие поседуваат огромна количина самодоверба и креативност. Тие се доминантни, дарежливи, склони кон преземање ризици и постигнување на она што им е предвидено. Совршена нијанса на кармин за припадничките на овој хороскопски знак е црвената, но може да стават и посветла нијанса на виолетова боја.

Девица

Личностите родени во овој хороскопски знак обрнуваат многу внимание на деталите. Вие сте внимателни, прилично конзервативни, опуштени и грижливи. Најдобрата боја на кармин за вас е суптилната розова нијанса, бидејќи покажува колку сте слатки, грижливи и опуштени. Најмногу ви одговара кармин кој е речиси безбоен.

Вага

Вагите се мирни личности, опуштени, искрени, романтични и секогаш претпочитаат квалитет над квантитет. Најдобрите нијанси на кармин за дамите родени во овој хороскопски знак се нежните корални тонови и романтичните нијанси на розова боја.

Скорпија

Дамите родени во овој хороскопски знак се страсни, упорни, решителни, снаодливи, малку мистериозни и многу лојални. Идеалните нијанси за Скорпииите се кармин во боја на костен и темна нијанса на црвена боја бидејќи тие им помагаат на овие дами дополнително да ги истакнат самодовербата и страста.

Стрелец

Стрелците се многу љубопитни, енергични, со отворен ум, непомирливо оптимистични, забавни и спремни на акција. Совршени нијанси на кармин за дамите родени во овој хороскопски знак се земјените тонови кои само дополнително нагласуваат колку се приземни.

Јарец

Приземни, но трпеливи, жените родени во хороскопскиот знак Јарец се многу внимателни, честопати тврдоглави, интелигентни, практични, зрели и имаат добра смисла за хумор. Нивната личност најдобро се отсликува преку потоплите нијанси на кармин, а најмногу им одговара розовата боја.

Водолија

Припадничките на овој хороскопски знак се многу спонтани, но исто така и бунтовни и непредвидливи. Ако сакате да ги потенцирате овие карактеристики, најдобро е да користите кармин во портокалова или силно црвена боја.

Риби

Рибите се пријателски настроени кон околината, многу страсни, дарежливи, толерантни, но честопати живеат во свет на фантазија. Нијансите што совршено им одговараат на припадничките на овој хороскопски знак се кармините во боја на праска или пудра розова боја.

Прочитајте кои 6 хороскопски знаци може да ве излудат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар