Кој хороскопски знак може да ви пружи најголемо сексуално задоволство?

Кој хороскопски знак може да ви пружи најголемо сексуално задоволство?

Астрологијата ни помага да ја откриеме нашата судбина, карактерите, па и сексуалниот темперамент на луѓето. Како се однесуваат хороскопските знаци во кревет и како да го заведете секој знак? Погледнете во нашиот секси водич.

Koj horoskopski znak mozhe da vi pruzhi najgolemo seksualno zadovolstvo?-kafepauza.mk

ОВЕН

Овните имаат волшебна моќ, магнетна привлечност, а бидејќи сакаат да контролираат, добри се во бакнувањето. Но, исто така тие се нетрпеливи и понекогаш себични во водењето љубов, што може да доведе до потешкотии во односот. Нивните моменти на страст често се брзо минливи, но доколку ги споделат со вас, ќе доживеете едно од најинтензивните љубовни искуства.

Како да го заведете?

Најпрво не смеете да бидете срамежливи. Покажете дека имате мозок и бидете спонтани. Овните уживаат во непредвидливоста и сакаат да добиваат комплименти.

БИК

Бикот важи за најдобар љубовник и најмажествен знак во зодијакот. Има екстремно силен љубовен нагон и постојана потреба за физички допир, се чини неговиот апетит за интимност е ненаситен. За него љубовта е како храната во која треба да се ужива долго, често и потполно посветено.

Како да го заведете?

Бикот цени доколку му подарите нешто, а поради својата сензуалност веднаш забележува мирис, чиста и мека кожа, како и свеж здив кај соговорникот.

БЛИЗНАЦИ

Доколку цените интелигенција кај партнерот, одберете Близнак. Паметни и досетливи, мајстори за флерт, тие лесно ќе ве освојат. Исклучително се креативни како љубовници и со нив никогаш нема да ви е здодевно. Но, внимавајте и тој да не ги очекува истите карактеристики од партнерот.

Како да ги заведете?

Нив ги привлекуваат пофалби и воодушевување на нивниот интелект. Побарајте совет од него, пофалете ги неговите одлуки и трудете се да ги импресионирате со својот интелект.

РАК

Како најемотивен и најчувствителен знак во зодијакот, на Ракот му треба нежен допир и длабока емотивна поврзаност со својот партнер. Ја ценат грижливоста и забележуваат кога правите добри дела за другите. Тие се посветени љубовници, но доколку ја изневерите нивната доверба, подготвени се на жестока одмазда.

Како да го заведете?

Најлесно може да го заведете со романтична атмосфера и сентименталност. Раковите уживаат кога некој се грижи за нив и ги заштитува.

ЛАВ

Секогаш жешките Лавови горат од сексуална самодоверба и моќ. Во спалната секогаш преземаат иницијатива и ги истражуваат своите сексуални вештини на драматичен начин. Доколку се најдете со Лав во една таква страсна бура, очекувајте многу подароци и внимание.

Како да го заведете?

Едноставно, возвратете со иста мера. Неговата нежна страна ќе ја разбудите доколку му минете нежно со прстите низ косата.

ДЕВИЦА

Доколку сакате некому да му бидете центарот на светот, одберете Девица. Ниту еден друг знак нема да ви посвети толку внимание. Иако на прв поглед изгледаат мирно и сталожено, под површината кријат огромна сензуалност. Склони се на опсесија со една личност и на перфекционизам, што може да биде тешка комбинација во една врска. Но, бидете свесни дека ќе ве сака цел живот.

Како да ја заведете?

За да заведете Девица, бидете чисти, пристојни и смирени. Таа бара совршенство и прилично е пребирлива.

ВАГА

Вагата е желна да пружи задоволство. Таа е одличен и посветен љубовник. Сака сентименталност и романтика, а ќе ѝ биде мило доколку ѝ исполните по некоја фантазија. Флертот на вагите им е во крвта, како и експериментирањето во креветот.

Како да ја заведете?

За да заведете Вага, најлесно ќе ви биде да примените стара школа на романтика. Треба да покажете широка душа, едноставност и шарм.

СКОРПИЈА

Најсексуалниот од сите знаци. Неа не ѝ е тешко да биде манипулатор и да ги искористи другите за задоволување на своите сексуални апетити. Имаат хипнотизирачка привлечност, во физичка смисла одлични се во креветот, но имаат проблем со вклопување на емоциите во целата таа приказна.

Како да ја заведете?

Скорпијата е исклучително тешко да се заведе, со оглед на тоа дека поради својот шарм и манипулаторската природа е навикната таа да биде заводникот.

СТРЕЛЕЦ

По природа разигран и детинест, Стрелецот секогаш останува млад во срцето и е отворен за експерименти во постелата. Поради таквиот нарав, најчесто покажуваат страст кон една личност, но многу брзо добиваат потреба за нови авантури. За оние кои сакаат кратка и забавна авантура, Стрелците се одличен избор.

Како да го заведете?

Тие сакаат кога ги допирате по половината, колковите и бутовите. Веселиот дух и смислата за хумор со кои се одликуваат веднаш ќе ги забележат и кај другите.

ЈАРЕЦ

Тој е резервиран кон другите, односно треба силно да се заљуби за да постигне вистинска физичка интимност. Не сакаат експериментирање, но се стабилни и верни во врската. Јарците се вистински избор за оние кои сакаат вистинска врска.

Како да го заведете?

Приоѓајте му полека и внимателно. Концентрирајте се на мали допири и длабоки погледи. Не им давајте сѐ веднаш и по некое време ќе ви возвратат со експлозија.

ВОДОЛИЈА

Ќе ве сака поради вашето тело и нема да се заморува со вашиот однос пред да ве одведе во кревет. Сакаат физичка љубов и непредвидливи романси. Имаат бунтовничка природа и ќе ве сакаат доколку сте свои и оригинални.

Како да ја заведете?

За да заведете Водолија глумете дека сте неосвоиви.

РИБИ

Овој хороскопски знак ќе ви даде многу задоволство во физичка смисла. Рибите сакаат да удоволуваат и најсреќни се кога сите околу нив се среќни. Кога ќе ја запознаат љубовта на својот живот, нема проблем кој нема да сакаат да го решат со секс за смирување.

Како да ги заведете?

Тие сакаат агресивен пристап. Мрзеливи се и не се сакаат да учествуваат во заводнички игри, така што вие ќе сте тие кои треба да им пристапат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар