Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци ни покажуваат кои аспекти од нашата личност доминираат, како и кои се нашите маани и слабости. Но, тие исто така можат да ни покажат и со кои фиктивни ликови имаме најголема сличност. Започнувајќи од класиците, па сè до модерната литература, откријте кој лик од најпознатите книги најмногу одговара на вашиот карактер.

Овен: Хаклбери Фин од книгата „Авантурите на Хаклбери Фин“, напишана од Марк Твејн

(1) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Исто како и Хак, така и Овните можат да бидат импулсивни и насочени само кон себе. Но, и покрај тоа тие имаат дарежлива страна исполнета со ентузијазам. Овните преферираат да бидат независни, но исто така се и екстремно лојални пријатели, исто како и Хак.

Бик: Кетнис Евердин од книгата „Игри на гладните“, напишана од Сузан Колинс

(2) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Исто како и Кетнис, така и Биковите се независно тврдоглави и преферираат да ги прават нештата на свој начин. Тие повеќе се следбеници отколку лидери, но само ако веруваат во тој лидер. Кога станува збор за луѓето кои ги сакаат, тие се лојални и ќе направат сè за нив. Дури и ако тоа значи волонтирање во игра каде што има 99% шанса за смрт.

Близнаци: Алиса од книгата „Алиса во земјата на чудата“, напишана од Луис Керол

(3) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Близнаците се неверојатно независни, полни со енергија и лесно се адаптираат. Исто како и Алиса која ќе налета на светот на чудата, тие истражуваат нови простори и запознаваат нови луѓе со ентузијазам. Но, истовремено можат да бидат и многу неодлучни и токму тоа ги води подалеку од патот по кој сакаат да се движат.

Рак: Дороти Гејл од книгата „Волшебникот од Оз“, напишана од Л. Френк Баум

(4) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Исто како и слатката Дороти, така и Раковите се лојални и се грижат за семејството и пријателите. Тие се оние луѓе на кои секогаш можете да сметате дека ќе ве расположат кога нештата се тешки. Исто така тие знаат да бидат и несигурни, па треба да бидат охрабрени и пофалени, особено ако се чувствуваат виновни за случајното убивање на зелената лоша вештерка.

Лав: Хари Потер од книгите „Хари Потер“, напишани од Џ. К. Роулинг

(5) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Дали ве изненадува тоа што Лавовите се исто толку храбри и лојални како Хари? Тие се природни лидери, па токму затоа и лесно привлекуваат луѓе со нивната аура. И покрај тоа што на моменти можат да делуваат мелодраматично, тие би направиле сè за своите пријатели.

Девица: Хејзел Грејс Ланкастер од книгата „Виновни се ѕвездите“, напишана од Џон Грин

(6) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Девиците се потпираат на логиката и опсервациите за сè, дури и за болеста. Исто како и Хејзел која боледува од рак, тие се однесуваат како да имаат сè под контрола, кога вистината е сосема спротивна. Тие можат да бидат скептични за оние нешта кои не ги разбираат целосно и понекогаш имаат тенденција да ги потиснуваат своите емоции.

Вага: Атикус Финч од книгата „Да се убие птицата подбивница“, напишана од Харпер Ли

(7) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Исто како Атикус, така и Вагите се природни дипломати. Тие се шармери кои преферираат мир наместо хаос и кој тежнеат кон задржувањето на мирот колку што можат повеќе. Тие се инстинктивни и идеалисти, но и многу ја почитуваат правдата, па ако сметаат дека некој е погрешно обвинет, ќе направат сè во нивната моќ за да ја докажат вистината.

Скорпија: Холден Каулфилд од книгата „Игра во ’ржта“, напишана од Џ. Д. Селинџер

(8) kКој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Скорпиите се лојални, снаодливи и одлично забележуваат детали. Но, тие повеќе го сакаат своето друштво и затоа не им веруваат на другите. Мислите на Холден се преполни со негативни, опсесивни и цинични детали за другите кои тие му делуваат „лажно“. Скорпиите размислуваат на истиот начин.

Стрелец: Р. П. МекМарфи од книгата „Лет над кукавичјото гнездо“, напишана од Кен Кисеј

(9) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Само две нешта им се важни на Стрелците: слобода и авантура. Тие се екстремно пријателски настроени и лесно ги привлекуваат луѓето со нивните позитивност и ентузијазам. Токму тоа и го споделува МекМарфи со неговите пријатели, учејќи ги на слободата, авантурата и живеењето.

Јарец: Господин Дарси од книгата „Гордост и предрасуди“, напишана од Џејн Остин

(10) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Исто како горделивиот господин Дарси, така и Јарците знаат да бидат диктатори, наметливи и недоверливи. Но, кога ќе им се даде шанса, тие се едни од најлојалните и најтрпеливите луѓе во светот. Поради нивното чувство на одговорност, имаат силен работен став кој им помага брзо да напредуваат.

Водолија: Виктор Франкенштајн од книгата „Франкенштајн“, напишана од Мери Шели

(11) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Исто како и генијот кој истовремено е и луд доктор, Водолиите се паметни и инвентивни. Тие имаат потреба за знаење и би направиле сè за да ја задоволат оваа потреба. Но, тие исто така се и тврдоглави бунтовници кои не дозволуваат ништо да им го одвлече вниманието од целта која си ја зацртале, дури ни ако станува збор за враќање на мртвите во живот.

Риби: Џеј Гетсби од книгата „Големиот Гетсби“, напишана од Ф. Скот Фицџералд

(12) Кој херој од литературните дела сте според хороскопскиот знак?

Исто како Гетсби, така и Рибите се сочувствителни и екстремно посветени. Гетсби успеал и се збогатил поради својата љубов и посветеност кон Дејзи, надевајќи се дека таа ќе му се врати. Со оглед на тоа дека Рибите се најчувствителни во Зодијакот, тие често запаѓаат во самосожалување и несигурност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар