Koj филмски цитат најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

Koj филмски цитат најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

Филмовите се полни со цитати и дијалози кои секогаш ги носиме со нас. Во некои од нив веднаш се пронаоѓаме, како да се напишани за нас. Дознајте кој филмски цитат најдобро го опишува вашиот хороскопски знак.

Koj филмски цитат најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

Овен

„Не сакам изговори. Знам со што се борите. Сите се бориме со нешто. И затоа одлучете се, бидејќи сѐ додека имате храброст да ме гледате во очи и да ми кажувате дека ова е сѐ што заслужувам, нема да ви дозволам да се откажете. Дури и ако тоа значи да доаѓам секоја вечер во вашата куќа додека не ја завршите работата. Јас гледам кои сте вие. Ме разбирате? Јас ве гледам. И вие не се откажувате.“ – Ерин Грувел во „Писатели за слободата“ (Freedom Writers)

Цврсто верувајте во себе, а сопствената одлучност и верувањата пренесете им ги на другите луѓе. На сите им посакувате добро, па тоа ве прави дополнително силни.

Бик

„Сеќавањата се како кутија со слатки… Штом ќе ја затворите, веќе нема да можете да изедете уште едно слатко…“ – Најна во „Младиве се луди“ (Yeh Jawaani Hai Deewani)

Голема важност им давате на семејните вредности и сеќавањата на драгите спомени кои имаат посебно место во вашето срце. Освен тоа, Биковите се познати како големи љубители на слатко.

Близнаци

„Знам што морам да направам. Морам да продолжам да дишам бидејќи сонцето утре ќе изгрее. Кој знае што ќе донесе плимата?“ – Чак Ноланд во „Бродолом на животот“ (Cast Away)

Како генијалец за совладување на кризни ситуации, секогаш знаете како да останете присебни во тешките ситуации и воопшто во животот. Знаете дека нема потреба да се нервирате поради ситници и секогаш сте подготвени на сите предизвици кои животот ви ги носи.

Рак

„Јас сѐ уште верувам во рај. Но сега барем знам дека тоа не е место кое може да го барате бидејќи таму не може да се отиде. Тоа е чувство кое го имате во моментот од животот кога сте дел од нешто – и ако го пронајдете тој момент, тој ќе трае засекогаш.“ – Ричард во „Плажата“ (The Beach)

Верувате во доброто и знаете дека со малку вера и трпение, доброто ќе се врати. Она што требате да го запомните е дека можеби тоа нема да дојде спакувано во убав пакет со панделка, како што некои мислат. Но сепак, добрата карма сигурно ќе ви се врати.

Лав

„Зошто толку се трудиш да се вклопиш кога си родена да се издвоиш?“ – Ијан Волис во „Што сакаат девојките“ (What a Girl Wants)

Лавовите се навистина родени да блескаат како дијаманти. Вашето чувство на гордост ве издвојува од остатокот од групата. Морате да останете искрени кон себе и да не се согласувате на ништо помалку од најдоброто и секој ден да се потсетувате на тоа колку вредите.

Девица

„Направи го тоа, или не. Нема ‘обиди се’.“ – Јода од „Војна на ѕвездите“ (Star Wars)

Или ќе направите нешто како што треба или воопшто нема да го направите – тоа е правилото на хороскопскиот знак Девица. И таа одлучност е ваша голема предност. Повеќето работи кои ќе ги направите завршуваат успешно, а тоа е затоа што се внесувате и со умот, телото и духот во сѐ што работите.

Вага

„Омразата не е омраза, само љубовта може да се избрише… Сѐ што е потребно е да држите нечија рака… За да се извлечете од мракот кон светлината.“ – Ајша од „Злобник“ (Ek Villain)

На овој свет не постои ништо поважно од хармонијата – тоа е тоа во што Вагите цврсто веруваат. Знаете дека „око за око“ не е решението и дека најпрво би ги решиле проблемите со љубов. Сепак сте чувар на рамнотежата. Вагите се полни со љубов и целиот свет може да учи од вас.

Скорпија

„Ама најдобрата работа е тоа што не е ничија грижа.“ – Олив од „Лесна девојка“ (Easy A)

Ако некој хороскопски знак е доволно трпелив и упорен да преброди сè во животот, тоа е Скорпијата. Не дозволувате да ве запрат деталите и знаете кои правила треба да се следат, а кои да се прекршат. Вашата вродена самодоверба ништо не може да ја уништи, и со секој чекор кој го правите рушите граници и ја откривате вистината.

Стрелец

„Животот брзо минува. Ако понекогаш застанете и не погледнете околу вас, може да го пропуштите.“ – Ферис Булер од „Слободниот ден на Фериса Булер“ (Ferrisa Bueller’s Day Off)

Колку и да сакаат да летаат преку животот, да го откриваат светот и да прават апсолутно сѐ, Стрелците се исто така сонувачи кои сакаат да поминуваат часови и часови размислувајќи за светот. Ако научат да најдат рамнотежа во ова, целата вселена е нивна.

Јарец

„Немој никому да дозволиш да ти каже дека нешто не можеш да направиш, дури ни на мене. Во ред? Ти мораш да го заштитиш својот сон. Кога луѓето нешто не можат да направат, сакаат да ти кажуваат и на тебе дека ти не можеш ништо да направиш. Ако сакаш нешто, оди по него. Точка.“ – Крис Гарднер во „Во потрага по среќа“ (In the Pursuit of Happiness)

На одлучните и снаодливи Јарци ништо не може да им го попречи патот до нивните соништа. Амбициозни се до срж. Јарците не можат да поднесат кога гледаат дека другите луѓе не го исполнуваат својот потенцијал, и секогаш се подготвени да ги охрабруваат и да ги поттикнуваат.

Водолија

„Само продолжи да пливаш. Само продолжи да пливаш. Само продолжи да пливаш, да пливаш, да пливаш… Што правиме? Пливаме, пливаме.“ – Дори во „Барајќи го Немо“ (Finding Nemo)

Трпеливите Водолии секогаш гледаат на животот од позитивната страна. Без разлика на тоа на која страна водата ги плиска, ништо не може да им го смени мислењето кога станува збор остварување на целта. Всушност, Водолијата ќе се издигне над сите предизвици и нема ниту еднаш да покаже колку ѝ е тешко.

Риби

„Постојат оние кои велат дека судбината е нешто што не можеме да го контролираме. Дека судбината не можеме да си ја бираме. Но јас знам подобро. Нашата судбина живее со нас, само треба да бидете храбар да ја видите.“ – Мерида во „Храбра“ (Brave)

Рибите имаат големо чувство на одговорност, поради што другите може да сметаат на нив дека ќе ја направат правилната работа. Вашата страст е ваша одлучност и вашата имагинација е вашето оружје. Не им давајте да ве збунат на оние кои ве нарекуваат сонувачи – вашата интуиција секогаш ќе ве води кон правиот пат.

Следно, прочитајте што би биле хороскопските знаци доколку беа суперхерои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар