Кој е омилениот појадок на секој хороскопски знак?

Кој е омилениот појадок на секој хороскопски знак?

Иако сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, понекогаш за време на утрата едвај можеме да ги отвориме очите, а уште помалку да размислуваме за подготовка на здрав и вкусен оброк. Ако се препознавате во овој опис, не грижете се – хороскопот може да ви помогне да го откриете вашиот идеален појадок!

Кој е омилениот појадок на секој хороскопски знак?

Овен – Димен лосос и печиво

Бидејќи вашиот знак е познат по авантуристичкиот дух, енергичноста и храброста, вие никогаш не се плашите да пробате нешто ново. Со оглед на тоа што поголемиот дел од луѓето не би можеле ни да замислат ладен лосос за утрински појадок, вие без сомнение сте подготвени да го пробате овој предизвик за непцата.

Бик – Сендвич

Луѓето родени во вашиот знак се познати како трпеливи и доверливи личности со меко срце. Па, зарем постои подобра храна која ќе ја загрее вашата душа од добро познатиот сендвич? Без разлика како ќе го подготвите, вашето тело ќе биде среќно откако ќе го изедете.

Близнаци – Јајце

Вие сте познати како прилагодлива и сестрана личност, па токму затоа и јајцата се совршен избор за вас, најмногу затоа што можат да се подготват на илјадници начини. Варено јајце, кајгана, јајце на око, омлет… Имате бескраен избор, па можете слободно да одбирате според вашето утринско расположение.

Рак – Палачинки со чоколаден крем

Бидејќи сте емоционални луѓе, многумина се восхитуваат на вашите способности да љубите. Токму затоа и палачинките со чоколаден крем се совршени за вас! Зарем некој би можел да биде тажен кога устата му е полна со растопена чоколада?

Лав – Пикантна пица

Лавовите најчесто се опишуваат како личности со широк ум, експанзивни и креативни, па затоа и секојдневно ја шират својата склоност кон ризикот. Кога станува збор за појадокот, зарем има подобар начин да се ризикува од пикантна пица?

Девица – Кафе со млеко

Вие сте познати како интелигентна и педантна личност, па затоа и слободно можеме да кажеме дека постојано некаде брзате со цел да си ги организирате сите аспекти од вашиот живот. Тоа е и една од причините зошто наутро ви е потребен кофеин, во комбинација со млеко за да ја добиете и потребната доза здравје покрај енергијата.

Вага – Печиво со сирење

Бидејќи Вагите се познати како социјални личности со кои лесно можете да се усогласувате, вие треба да одберете појадок кој сите го обожаваат, како на пример, класичното печиво со сирење. Никој не може да каже „не“ на оваа комбинација од јаглени хидрати и меко сирење.

Скорпија – Тост со банана и путер од кикирики

Скорпиите се познати како моќни, страсни и силни личности, па затоа ќе ви биде потребна многу енергија со цел да ги задржите сите амбиции кои ги имате. Овој појадок ви овозможува голем извор јаглехидрати, протеини и масти, додека истовремено ви овозможува и добар вкус поради кој ќе заборавите дека всушност станува збор за здрав оброк.

Стрелец – Пченкарни снегулки

Вие сте познати како искрена и весела личност, исто како што би можеле да опишеме и една чинија пченкарни снегулки. Со нив секогаш знаете на што сте – чинија здрави и вкусни снегулки со млеко покрај која ќе се чувствувате како повторно да сте дете. Навистина одличен почеток на денот, се согласувате?

Јарец – Овесна каша со овошје и јаткасти плодови

Со оглед на тоа што сте познати како практична, амбициозна и внимателна личност, вам нема да ви недостасува трпение наутро да си подготвите овесна каша. Секако, одберете го и најдоброто овошје, како и јаткастите плодови со цел да се наполните со доволно енергија за целиот ден.

Водолија – Вафли со јаворов сируп

Вие сте секогаш пријателски расположени и лојални, па затоа и многу би уживале во овој класичен појадок. Со вафлите и јаворовиот сируп не можете да погрешите, и без сомнение со нив би го започнале денот на вистинскиот начин!

Риби – Крофни

Рибите се познати како чувствителни, драги и несебични личности, па затоа и сите работи што ги прават за себеси, ги прават и за другите. Изненадете ги колегите со утринска закуска, како крофните, бидејќи не постои подобар начин на кој би можеле да проширите повеќе радост од сабајле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар