Кој е најпаметниот хороскопски знак? (Одговорот ќе ве изненади!)
Како прво, важно е да знаете дека интелигенцијата има две форми:
- Аналитичка интелигенција – која се мери со тестови за интелигенција и е поврзана со когнитивните способности на личноста.
- Перцепција – која значи препознавање и разбирање на емоционалниот и физичкиот свет онаков каков што е.
Најинтелигентните знаци, во смисла на аналитичка и перцептивна интелигенција се: Водолија (аналитичка) и Скорпија (перцептивна). Скорпиите исто така и најтешко можете да ги излажете. Тие секогаш ја гледаат вашата мотивација без разлика што им кажувате и што кажуваат другите. Но, секој знак е интелигентен на различен начин. Прочитајте повеќе во продолжение.
Огнени знаци – Овен, Лав и Стрелец
Огнените знаци имаат интуитивна интелигенција и ова се знаците кои преземаат ризици. Нивниот оган ги тера да заработуваат многу пари, а и да ги убедат другите дека го можат истото.
Земјени знаци – Бик, Девица и Јарец
Овие знаци имаат практична интелигенција. Овде спаѓа сè од балансирање на буџетот до решавање проблеми на работното место.
Воздушни знаци – Близнаци, Вага и Водолија
Овие знаци поседуваат аналитичка интелигенција. Тие живеат во светот на идеите и се поврзани со социјализирањето. Овие знаци повеќе ги сакаат идеите отколку емоциите, а нивното социјализирање им е стимулација за нови идеи.
Водени знаци – Рак, Скорпија и Риби
Водените знаци имаат перцептивна интелигенција. Тие се оние кои ги разбираат вашите чувства и мотиви. Во кинеската астрологија водата е поврзана со интелигенција. Водните знаци се поврзани со сите останати, а светот е токму тоа. И дали знаевте дека хороскопскиот знак на Ајнштајн е Риби?
Погледнете го и типот на интелигенција што го поседува секој знак посебно.