Кој е најлошиот дел од заедничкиот живот со секој хороскопски знак?

Кој е најлошиот дел од заедничкиот живот со секој хороскопски знак?

Се подготвувате за нов чекор во врската или можеби ќе бидете цимери со некого? Многумина знаат дека заедничкиот живот е поважен од стапувањето во брак бидејќи станува збор за многу важна животна промена. Нема вистинско време за тој чекор иако пожелно е постепено да се донесе одлуката за заедничко живеење бидејќи се работи за голема промена. Сите ние имаме различни навики и мораме да се прилагодиме едни на други доколку сакаме да живееме во хармонија. Повикувајќи се на астрологијата, ви ги откриваме недостатоците на заедничкото живеење со секој хороскопски знак.

Овен

Многу едноставно – Овните се неуредни и несмасни. Никогаш не чистат зад себе и прават неред секој пат кога готват или јадат.

Бик

Биковите сакаат да позајмуваат. Ги користат туѓите работи без прашање претпоставувајќи дека тие им припаѓаат на сите во станот.

Близнаци

Близнаците сакаат да имаат време за себе и не сакаат да трошат премногу време на дружење или гостење премногу луѓе одеднаш.

Рак

Раковите сакаат да се будат рано – тие се гласни ранобудници. Прават силна бука наутро и заспиваат многу рано навечер.

Лав

Лавовите обожаваат да одолговлекуваат. Ќе чекаат до последната секунда за да направат нешто, што значи дека понекогаш (или многу често) обврските и работите само ќе им се насобираат.

Девица

Девиците сакаат да работат на свој начин. Имаат голем проблем со компромисите (посебно кога е во прашање уредувањето на домот или готвењето) бидејќи сакаат сè да биде под контрола.

Вага

Вагите поминуваат многу часа во тоалетот и потребна им е цела вечност додека се подготват.

Скорпија

Скорпиите не се придржуваат до распоредот. Никој никогаш не знае кога ќе дојдат дома или колку долго ќе бидат отсутни.

Стрелец

Стрелците не се баш добри во тимската работа. Сакаат да дејствуваат самостојно и сами да донесуваат одлуки што се однесуваат за целото домаќинство.

Јарец

Јарците имаат многу мала толеранција за глупости и многу силно (и брзо) можат да се изнервираат.

Водолија

Водолиите се заборавени. Забораваат важни датуми (дури и кога им се запишани) и забораваат да ги извршуваат своите обврски.

Риби

Рибите се ноќни птици. Сакаат да пијат, да јадат, да слушаат музика или да гледаат Нетфликс доцна во ноќта, кога другите луѓе се обидуваат да заспијат.

Дознајте зошто секој хороскопски знак го изгубил чувството за авантура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар