Кој е најдобриот начин за справување со стресот на секој хороскопски знак?
Вага – романтична комедија
Кога светот не ѝ ја испорачува романтиката којашто сите ние ја заслужуваме, а ретко кога ја добиваме, Вагата може да се улови себеси како повторно ја гледа нејзината омилена романтична комедија и мрмори заедно со актерите во филмот, бидејќи веќе ги знае сите реченици напамет. Вагата е заљубена во љубовта, па ако ја нема моментално во животот во доволно количини, може да се релаксира со класичен филм од овој жанр, како на пример „When Harry Met Sally“ (Кога Хери ја запозна Сели).
Скорпија – тонење во музика
Скорпиите се длабоко емотивни личности и ним им е потребно одвреме-навреме да се повлечат од овој луд свет. За да ги наполнат нивните батерии, тие треба да исклучат слушајќи некоја музика, која најдобро ќе се вклопи со нивното моментално расположение. Доколку тие се почувствуваат како да зануркале во длабочините на некоја песна, тоа им изгледа како нивните џиновски емоции да се на некој начин, полесни за справување и пребродување. Понекогаш, токму изборот на вистинската песна е сосема доволен, за да го намалат пребрзото биење на нивното срце.
Стрелец – фактичка психотерапија
Додека Близнаците имаат лоша репутација на луѓе коишто најмногу зборуваат, сепак Стрелците се тие коишто зборуваат брзо и непрестајно, повеќе од кој било друг знак. Иронично или не, последователно на тоа, најдобар начин за намалување на стресот кај зборлестите Стрелци, е терапијата со зборување, каде што на стручно лице ќе можат да ја ослободат сета драма којашто се случува во нивниот живот. Воедно, бидејќи терапевтот знае какви прашања да постави, голема е веројатноста дека зборлестиот Стрелец, ќе констатира дека таа „драма“, во суштина цело време се случувала во самите нив.
Јарец – ситна, домашна обврска
Јарците по природа се многу работливи, а тоа е делумно така поради тоа што тие го ценат бранот на задоволство, којшто следува после добро завршената работа. Во миговите кога им е потребен одмор и релаксација, тие можат да го реплицираат тоа наградувачко сценарио, извршувајќи некои ситни, едноставни обврски коишто имаат јасен почеток, средина и крај, како што се на пример, диплењето алишта или миењето садови. Ваквите активности не треба да бидат многу напорни и исцрпувачки за да можат да се наречат фактичка работа, но треба да бидат добро структурирани, за тие да се почувствуваат како да ја „завршиле мисијата“, откако ќе ја завршат.
Водолија – друштвени игри
Водолиите се личности коишто сакаат да го користат нивниот интелект во сè што прават, па дури и во нивната потрага по доза спокојство. Некоја мала ментална вежба, во облик на друштвена игра или пантомима со пријателите, може да му помогне на „носачот на вода“ да влезе во својата пријатна зона. За некои луѓе, друштвените игри само дополнително го зголемуваат нивото на стрес, но опуштената Водолија нема таков проблем. Краткотрајниот фокус на нешто друго, ќе ја ослободи од други 400-500 идеи коишто се мотаат постојано во нејзината глава.
Риби – медитација
Како најспиритуален знак во Зодијакот, Рибите најбрзо ќе влезат во Зен фаза, преку најправолиниската метода – медитација. Рибите се хиперсензитивни (тоа е она што им овозможува да бидат толку брилијанти уметници/решавачи на проблеми), а тоа значи дека ним им се потребни навистина спокојни услови, за да можат да ги одмораат нивните сетила и да ги „полнат“ батериите потребни за живот. Доколку класичната медитација не им е доволна во одредени сензитивни периоди, треба да продолжат да си го бараат својот најдобар метод за релаксација. Хит во светот моментално е техниката на лежење во тенк за сензорна депривација, во кој практично лебдите, па можеби тоа е најдобриот избор за емотивните Риби?!
Може да ве интересира и оваа септемвриска инспирација во само една реченица за секој хороскопски знак.