Кој е идеалниот новогодишен подарок за секој хороскопски знак?

Кој е идеалниот новогодишен подарок за секој хороскопски знак?

Некогаш е навистина тешко да се одбере соодветниот подарок, дури и ако ги знаете вкусовите и желбите на вашите најблиски. Па, доколку ви е потребна инспирација за новогодишен подарок, консултирајте се со астрологијата и откријте што најмногу сака секој од хороскопските знаци.

Кој е идеалниот новогодишен подарок за секој хороскопски знак?

Овен

За припадниците на овој знак најдобро е да се одбере нешто поврзано со изгледот: спортска опрема, добра облека, мејкап, накит или парфем. Можете дури и да им уплатите часови по фитнес, јога или пак, да им подарите професионална масажа или козметички третман.

Бик

Одерете подарок кој може го собере во вашата рака и кој ќе трае долго време. Фокусирајте се на статуа, ламба, вазна или пак, некаков вид мебел. Исто така можете да ги изненадите и со убав кожен паричник. Бикот е голем гурман, па тој би уживал и во вкусен оброк покрај добро вино.

Близнаци

Разиграните Близнаци секогаш ценат добри книги, претплата на омиленото списание, нов смартфон или некаков вид забавна игра која го активира мозокот. Вие ќе ги одушевите доколку им подарите елегантно перо за пишување или дневник со нивните иницијали на корицата.

Рак

Раковите сакаат носталгични подароци, па никогаш не би згрешиле доколку им купите некое плишано мече кое ги потсетува на детството. Раковите се подложни на визуелни задоволства, па затоа и не би можеле да згрешите со видео камера. Исто така не заборавајте на доброто вино.

Лав

Кога одбирате подарок за Лав, не заборавајте дека тој има богата фантазија и константна склоност кон луксуз. За овој знак вие треба да се фокусирате на сјаен прибор, убав накит, впечатлив часовник или прекрасен урамен цртеж. Но, имајте на ум дека тие не толерираат фалсификати.

Девица

Одберете го оној подарок кој Девиците би можеле да го користат секојдневно, на пример, убави чинии, книги со оригинални рецепти, колекција од етерични масла… Родените во овој знак често знаат многу за билките, па можете да им подарите и луксузен цвет или дрвце за нивната градина.

Вага

Колку попрефинето, толку подобро. Вие можете да ја изненадите Вагата со влезници за светска оперска ѕвезда, покана за јапонски чај, свилена постелнина, деликатни марами, елегантен ѓердан или неодолив парфем. Со други зборови, тие сакаат сè што го прави животот попријатен.

Скорпија

Кога станува збор за Скорпиите, тие многу тешко можат да се задоволат. Но, не се обесхрабрувајте. Тие имаат мистична страна, па секогаш би ги изненадиле со прирачник за соништа, книга за сексуални пози, тајландска масажа, па дури и скок со падобран. Ќе ви успее сè што е возбудливо и необично.

Стрелец

Стрелците се заинтересирани за многу нешта, но посебно ги привлекува сè што е егзотично. Тие најмногу посакуваат патувања или што било поврзано со авантурите како на пример, додатоци од далечни земји, оригинален етнички накит, лути ароми, необична музика…

Јарец

Оние кои се родени во овој знак бараат многу, но често ги ценат мирот и приватноста, па сакаат нешта кои би можеле да ги прават во својот дом. На Јарците многу ќе им се допаднат некои „паметни“ гаџети, игри кои бараат многу размислување или книга со тврди корици.

Водолија

Водолијата секогаш се инспирира од новините. Тие најмногу ќе го ценат најновиот смартфон или свежиот бестселер. Доколку нивниот подарок е дел од најновите трендови, тие секогаш ќе бидат задоволни.

Риби

Кога барате подарок за Рибите, фокусирајте се на сè она што ги надминува обичните и практични стандарди, како на пример, атлас од небото, тарот карти, миризливи свеќи, книга со кинески мудрости, ЦД со звук на дожд за медитација… Тие ќе ги ценат сите естетски подароци, но и оние кои се исполнети со мистичност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар