Кои женски хороскопски знаци се најголемите заводнички?
Покрај кои девојки ниту еден маж нема да остане рамнодушен? Кои се топли, а кои студени? Како секој хороскопски знак флертува и освојува? Кои се нивните тајни оружја? Прочитајте…
Овен
Дамите родени во овој знак се огнени заводнички кои лесно ги освојуваат момците и обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Тоа обично го прават со изборот на провокативна облека. Но, таа е само додаток кој ја покажува нивната силна личност. Тие се непосредни и страсни во комуникацијата.
Бик
Оние кои се родени во знакот на Бик се вешти заводнички. Тие имаат моќ да се преобразат од невини девојки во фатални дами на кои никој не може да остане рамнодушен. Биковите се најчесто убаво градени и се свесни за тоа, па токму затоа и често го користат своето тело во играта на заведувањето. Тие исто така се и еротични и не се плашат да го покажат тоа. За време на комуникацијата, многу често го допираат својот соговорник, во рамките на пристојноста.
Близнаци
Жените Близнаци најчесто се деца со 100 лица. Припадничките на овој знак се бескрајно шармантни, брзо мислат и се вешти во комуникацијата. Тие се омилени во друштвото и обично имаат светла коса и очи во комбинација со потемен тен. Близнаците сакаат да се трансформираат и својот заводнички пристап го менуваат во зависност од целта, односно од типот на маж кој сакаат да го освојат.
Рак
Жените Ракови, како и сите припадници на овој знак, се нежни и чувствителни. Тие обично имаат облини, го сакаат фамилијарниот живот и мажите ги сметаат за пожелни партнери на долг рок. Тие се многу женствени и не се плашат да го покажат. Најчесто одбираат партнери кои се кавалери и кои сакаат да им угодуваат на жените.
Лав
Лавиците се доминантни личности и исто како и останатите огнени знаци, тие обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Тие имаат моќ да ги претворат своите маани во предност и да го искористат тоа секој пат кога сакаат да освојат некој маж. На почетокот обично не настапуваат премногу нападно и се одлични тактичари.
Девица
Девиците имаат латентна сексуалност. Тие се педантни и организирани во секојдневниот живот, но исти се и во играта на заведување. Обично се прикажуваат како фини девојки, смирени и со романтичен стил на облекување, но под сè тоа се наоѓа стабилна заводничка која знае што сака.
Вага
Припадничките на овој знак имаат одлични заводнички методи и многу се потпираат на својот физички изглед. Вагите не се облекуваат премногу нападно и сè што носат на себе е избрано со големо внимание. Доколку сакаат, тие можат да го користат и својот стил на облекување како средство за заведување. Мажите многу тешко можат да одолеат на нивната перфекција.
Скорпија
Жените родени во знакот на Скорпија се опасни заводнички. Тие имаат необјаснив шарм, продорни се и обично имаат сензуален глас. Доволно е само да поминат покрај мажот кој им се допаѓа и тие веќе ќе го соборат од нозе. Но, тие имаат и негативна карактеристика, знаат да бидат посесивни. Кога заведуваат, играат топло-ладно, па токму затоа лесно можат да го полудат својот партнер.
Стрелец
Жените Стрелци не можат да бидат уловени. Тие обично негуваат спортски стил, во комбинација со многу накит. Често имаат долги нозе, без претерани облини, па токму тоа и го користат како своја предност. Доколку имаат одредени недостатоци, успешно ги прикриваат со својата насмевка и неодоливиот шарм. Духовитоста им е главното оружје за заведување.
Јарец
Девојките родени во знакот на Јарец освојуваат со својата студеност. Тие се претставуваат како моќни и непоколебливи жени кои често одбираат мажи над кои можат да доминираат. Иако им е физичкиот изглед важен, како и на сите останати, тој не е нивното главно средство на заведување. Тие освојуваат со својот интелект.
Водолија
Жените Водолии не обрнуваат премногу внимание на впечатокот кој го оставаат врз мажите. Ним им е поважно духовното отколку физичкото, па токму на тој начин и ги одбираат своите партнери. Тие се многу модерни, храбри и не се нервираат лесно. Најчесто имаат едноставен стил на облекување кој им одговара на многу мажи.
Риби
Рибите се нежни и чувствителни. Но, тоа е само трик со кој можат да го уловат секој партнер кој го посакуваат. Тие кога освојуваат ја користат картата „дама во неволја“, и не пребираат многу кој ќе ги „спаси“. Физичкиот изглед многу малку им помага во заведувањето и тие никогаш не би признале дека тој им е многу важна карактеристика во љубовните походи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.