Кои се најважните датуми во јули според астролозите?
Што нè очекува во јули? Во продолжение прочитајте ги астролошките предвидувања.
Безбедност и сензуалност
На 5 јули Марс влезе во знакот Бик, а тоа значи дека нè очекува исклучително продуктивен период. Ќе нè води потребата да ја зголемиме нашата материјална сигурност, а притоа ќе бидеме упорни и промислени. Ќе ги насочиме времето, енергијата и нашето знаење за да постигнеме максимални резултати со што е можно помалку труд.
Ќе ја препознаеме вистинската можност
Под влијание на енергијата на полната Месечина на 13 јули ќе си поставиме сериозни прашања за иднината. Ќе се чувствуваме неизвесни и несигурни во поглед на работата, но од исклучителна важност е да не дозволиме нашите сомнежи да нè обесхрабрат. На тој начин ќе сфатиме дека секоја криза носи можности и дека среќата ги следи храбрите. Само доколку ги отвориме ширум очите ќе сфатиме дека можностите ни се на дофат на рака.
Ќе ги разрешиме мистериите
На 18 јули Меркур ќе се соочи со Плутон, а нивната енергија ќе нè направи желни за учење и концентрација и ќе нè поттикне да работиме на истражување на емоционални и психолошки теми. Ќе бидеме подготвени да нурнеме длабоко во себе, да ја бараме вистината, иако таа понекогаш боли. Од исклучителна важност во следниот период е да не направиме нешто непромислено, да не предизвикуваме кавги и да не ги повредиме оние кои ни значат.
Ќе имаме можност да бидеме креативни
На 23 јули Сонцето ќе влезе во знакот Лав, а тоа значи дека нè очекува период на големи идеи, романтично расположение и креативна енергија. Ќе имаме чувство дека ништо нема да нè спречи во остварувањето на нашите желби и цели.
Ќе ги откриеме желбите на нашето срце
Нашето срце е она кое знае што е тоа што вистински го посакуваме во животот. Понекогаш му дозволуваме да нè води, понекогаш се плашиме да им покажеме на другите што е тоа што ни значи во животот, а понекогаш ги потиснуваме нашите желби или ги забораваме. Младата Месечина во знакот Лав на 28 јули ќе биде идеално време да го анализираме нашето срце. Доволно е да бидеме храбри и да ѝ се препуштиме на авантурата наречена живот. На тој начин ќе се зголеми нашата самодоверба, но и нашата креативна енергија која ќе нè води кон нови успеси.
Откако прочитавте кои датуми ќе бидат најважни во јули од астролошки аспект, можеби ќе сакате и да прочитате кои 3 хороскопски знаци нема да имаат среќа во љубовта во јули.
Извор: sensa.mondo.rs