Кои проблеми може да се јават во љубовната врска со емотивните Риби?
Никогаш нема да ја заборавите врската со припадниците на знакот Риби! Тие се сензуални, романтични, страсни и чувствителни. Рибите без проблем ќе лежат со вас и ќе ве слушаат како зборувате за вашите соништа, желби и надежи додека ве гледаат со нивните продорни очи. Но, како и секогаш, секој хороскопски знак има свои мани и доблести, па така и Рибите. Нивната мрзеливост, песимизам и бегање од проблемите можат да ја нарушат љубовната врска. Добро е да знаете како овие 3 проблема се манифестираат во врската за да можете навреме да го подобрите односот со вашите Риби…
1. Ги користат соништата за да побегнат од реалноста
Ако вашите сакани родени во знакот Риби подолго остануваат на работа, не мора веднаш да значи дека имаат некој друг, туку дека едноставно се обидуваат да ги остварат своите соништа. Но, доколку се несреќни, Рибите ќе го трошат целото нивно слободно време на работа и целосно ќе се оддалечат од вас. Припадниците на овој знак не се ни свесни дека на тој начин се кријат од проблемите. Вие ќе морате да ги натерате да седнат и да ви објаснат зошто се однесуваат толку неодговорно. Имајте трпение, бидејќи Рибите нема веднаш да ви кажат што ги мачи.
2. На идеализмот реагираат со песимизам
Среќни Риби зрачат со позитивна енергија, но кога се тажни и депресивни, многу силно ги погодуваат ограничувањата на реалноста. Тие почнуваат да се чувствуваат како да се врзани со синџири и не се способни да се борат со препреките што им ги поставува животот. Песимизмот кај Рибите е моќно самодеструктивно оружје кое се одразува преку затворањето во себе, одбегнувањето луѓе и многу други поволни можности. Доколку сте во врска со припадник на овој знак, сигурно се обидувате да го натерате партнерот да „заплива“ во друга насока“, но лошата вест е дека тој можеби сака да остане заглавен во едно место.
3. Можат да се вознемират за секунда
Рибите се многу емотивни, чувствителни и емпатични и тие со задоволство ќе ве сослушаат. Токму поради тоа можат да станат пречувствителни и преплавени со емоции, а потоа ги вовлекуваат и луѓето околу нив во истата состојба. Рибите би требало да расчистат со своите емоции и она што ги мачи пред да кажат нешто за коешто подоцна ќе зажалат. Доколку сте во врска со припадник на знакот Риби, сигурно ви се случило да се чувствувате како да сте го изневериле партнерот иако не сте имале поим како се дошло до тоа.
Во продолжение, откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби.