Кои предизвици нè очекуваат во јуни и кое е значењето на бројот 6?

Кои предизвици нè очекуваат во јуни и кое е значењето на бројот 6?

Според астролозите, јуни ќе биде емотивен и романтичен месец. Ќе се разбудат страста, стравот и зголемената потреба за сигурност, кои ќе ни укажат во кој аспект од животот ни е најпотребна промена.

Кои предизвици нè очекуваат во јуни и кое е значењето на бројот 6?

Значење на бројот 6

Како шести месец, јуни е особено важен во поглед на љубовта и романтиката, домот и семејството, деловните амбиции и односот кон жените и женската енергија. Да не го заборавиме нашиот однос кон мајката и мајчинството. Тоа значи дека вибрациите на бројот 6 ќе нè поддржат во љубовните врски, ќе ни пружат поголема топлина во домот и поголема блискост на работа.
2023 година ни носи промени во глобалната колективна свест. Освен тоа, и нашата потсвест ќе биде доста активна оваа година. Затоа, слушајте го внимателно вашиот внатрешен глас. Дали сте си добар партнер и дали имате доволно поддршка за себе?

Предизвици и награди во јуни

Најголем предизвик ќе биде чувството на инфериорност и отфрленост. Можеби ќе се почувствувате отфрлени од страна на вашите најблиски. Сепак, секој предизвик е важен дел од нашето патување, бидејќи ни помага да растеме, па затоа не очајувајте. Станете свесни за даден предизвик и размислете за тоа каде може да ве одведе.

Каде можат да нè одведат предизвиците?

  • Стравот и неизвесноста водат до поголема внатрешна сила.
  • Вината води до самоприфаќање.
  • Незадоволството од родителите, особено од мајките, води до независност.
  • Чувството на инфериорност може да доведе до подобра слика за себе.

Емоциите во јуни

Најважниот однос што го имаме е односот што го имаме со самите себе. Нашите одлуки се директен одраз на зрелоста и нашето самољубие. Кога се сакаме и прифаќаме себеси на здрав начин, нашите избори го одразуваат тоа. Да не заборавиме на границите што ги поставуваме во односите.

Секогаш кога сакаме да угодиме на другите или кога се плашиме да изгубиме, најчесто се негираме себеси. Значи, ако си кажеме НЕ, за да им угодиме на другите, тогаш како може универзумот, љубовта, животот, среќата, здравјето, Бога, вишата сила итн. да ни каже ДА? Како може среќата да ви се насмее ако ги ставите другите, нивните потреби и очекувања на прво место или ако постојано се плашите од критики, одбивања, загуби…

Тајната на успехот лежи во наоѓањето рамнотежа

Ние сме помеѓу две крајности, минатото и иднината. На нашиот пат понекогаш трчаме, понекогаш се сопнуваме, понекогаш застануваме, носејќи го товарот на разочарувањата и очекувањата. Но, можеби не е толку тешко да се балансираат потребите на работата и домот, срцето и умот ако не се плашиме од флексибилност.

Задача за месец јуни:

Работете на самодовербата и бидете посигурни во поглед на вашите одлуки и избори.

Откако прочитавте за предизвиците во јуни и значењето на бројот 6, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните датуми во јуни.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар