Кои ќе бидат најсреќните денови во јули според астролозите?

Кои ќе бидат најсреќните денови во јули според астролозите?

Овој јули ќе биде динамичен месец и ќе ни донесе многу предизвици. Но, астролозите откриваат кои денови во јули ќе ни бидат најуспешни. Прочитајте во продолжение за кои датуми станува збор.

Кои ќе бидат најсреќните денови во јули според астролозите?

2 јули – Венера на квадрат со Уран

Според астролозите, 2 јули ќе биде одличен ден за започнување нови бизниси и барање креативна инспирација бидејќи универзумот ќе ни пружи нова енергија на овој ден и ќе нè поттикне да започнеме одново.

7 јули – датум на огледало

Датумот на огледало во јули ќе биде во знакот на бројот 7. Ова е бројот на чиста среќа. Големи се шансите на овој ден нешто пријатно да се појави во животот на секој од нас – нова личност, нова желба. На овој ден можете да очекувате добро расположение и зголемување на самодовербата. Но, тоа ќе важи само за оние кои ќе ризикуваат!

10 јули – Опозиција Меркур/Плутон

10 јули ќе биде ден на комуникација, флерт, романса, но и успешна креативна и деловна соработка. Луѓето ќе бидат многу продуктивни на овој ден и подготвени да започнат дијалог. Ова ќе биде совршен момент да склучите мир со луѓето со кои сте имале некакво недоразбирање.

11 јули – Меркур транзитира низ Лав

Транзитот на Меркур низ знакот Лав е многу поволен период за оние кои сакаат да потрошат дел од своите пари и време на забава и уживање. Покрај тоа, многумина од нас ќе имаат голема среќа на љубовен план, а ќе имаат и можност успешно да ги вложат своите пари – во недвижен имот, на пример.

20 јули – Опозиција Марс/Сатурн

На овој ден Марс и Сатурн ќе бидат во стабилен и поволен аспект. Тие ќе бидат на спротивните страни на Земјата, што ќе предизвика силен бран на позитивна енергија. Тоа ќе биде ден полн со мотивација, инспирација и позитивна енергија. Животот на повеќето луѓе ќе се промени на подобро, бидејќи нивната психичка состојба значително ќе се подобри.

22 јули – Опозиција Сонце/Плутон

Ова е многу интересен настан од гледна точка на астрологијата. Астролозите напоменуваат дека овој ден ќе помине во знак на позитивна енергија и добро расположение. Сонцето и Плутон ќе им помогнат на луѓето да се ослободат од незадоволството, депресивните мисли и сомнежите. Овој аспект поволно ќе влијае и врз самодовербата.

28 јули – Транзит на Меркур низ Девица

Транзитот на Меркур низ Девица ќе се одвива сè до 4 октомври. Ова ќе биде период исполнет со креативност и подлабока комуникација. Што се однесува до 28 јули, тоа ќе биде ден на нови можности. На овој ден ќе треба да вложите повеќе труд доколку сакате да стекнете нови знаења.

Откако прочитавте за најсреќните денови во јули, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 4-те најсреќни хороскопски знаци во јули.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар