Кои ќе бидат најсреќните датуми во април?

Кои ќе бидат најсреќните датуми во април?

Според астролозите, ова се трите најсреќни датуми во април:

Кои ќе бидат најсреќните датуми во април?

4 април

Бројот 4 во нумерологијата претставува комбинација од 4 елементи – земја, вода, оган и воздух. Обидете се да обратите внимание на сите итни работи, а на крајот од овој ден треба добро да се одморите. На овој ден можете да запознавате нови луѓе, но и да обратите внимание на пријателите и семејството.

14 април – Венера во квадрат со Сатурн

Ова е прилично хармоничен аспект, но не е секогаш толку силен. Ова е денот кога ќе сфатите кои се вашите главни цели. Ќе имате сила за нови почетоци, но и да ги завршите работите што веќе сте ги започнале. Повеќето од критиките што ќе ги добиете ќе бидат конструктивни, затоа слушајте што имаат да кажат луѓето. Не ги отфрлајте веднаш советите и насоките на блиските луѓе.

22 април – метеорски дожд Лирида

Според астролозите, метеорскиот дожд Лирида го буди оптимизмот кај луѓето и нè прави пољубезни еден кон друг. Ако вашата глава е исполнета со негативни мисли, тогаш на 22 април ќе можете да се ослободите од сето она што ве обесхрабрува. За да станете поуспешни, важно е да покажете повеќе добрина и топлина.

Откако прочитавте за најсреќните датуми во април, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекува голема среќа во април.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар