Кои хороскопски знаци ви одговараат за врска, а кои за авантура?

Кои хороскопски знаци ви одговараат за врска, а кои за авантура?

Знаете ли со кого треба да склопите брак, а кој е добар кандидат само за кратка авантура? Накратко, еве со кого најубаво ќе ви биде да одите на долги, а со кого на кратки патеки…

koi-horoskopski-znaci-vi-odgovaraat-za-vrska-a-koi-za-avantura-kafepauza.mk

Овен

За врска

Ќе имате одличен однос со Лавот, бидејќи тоа е знак со кој сте емоционално компатибилни. Лавот ќе ви помага во сè, ќе ви биде подеднакво добар пријател, партнер и љубовник.

За авантура

Сакате незаборавна авантура? Изберете Вага со која ќе искусите огромна страст во постелата. Тоа е знак со кој веднаш ќе почувствувате страст и сексуална привлечност.

Бик

За врска

Девицата е знак со кој веднаш ќе се почувствувате дека сте на иста бранова должина. Ќе имате за што да разговарате и во ниеден момент нема да ви биде здодевно.

За авантура

Изберете Скорпија, вашиот однос веднаш ќе ве одведе во кревет. Кога ќе ви се сретнат погледите, желбата ќе биде обострана, па едвај ќе чекате да останете сами.

Близнаци

За врска

Вагата е вашиот идеален партнер. Ќе водите долги разговори, ќе имате слична смисла за хумор и често ќе се смеете. Ќе биде стимулирачка врска во која ќе има многу разбирање, но и привлечност.

За авантура

Стрелец! – Тоа е знак кој ќе ви ја распали страста. Нема да ве гуши или ограничува, што за вас е многу важно во врските. Заедничките моменти ќе ви бидат незаборавни.

Рак

За врска

Со Скорпијата ќе се сложувате одлично. Ќе имате интуитивен однос, па вашите погледи често ќе ви кажуваат повеќе од зборовите. На обајцата ви треба чувство на сигурност, која ќе си ја пружате во голема количина.

За авантура

Јарецот ќе ви ја измеша крвта и ќе ви го помати разумот. Тоа е знак покрај кој ќе доживеете вистински огномет на страста. Ќе ви пружи чувство на сигурност, дури и ако вашиот однос не оди кон нешто посериозно.

Лав

За врска

За вас идеален партнер е Стрелецот. Ќе ве воодушеви неговата незапирлива и авантуристичка природа, а ќе ви годат и неговите комплименти и заштитата која ќе ви ја пружа.

За авантура

Со Водолијата ќе имате бурен и незаборавен однос. Обајцата сакате добра забава, убави работи и патувања, па вашиот однос со сигурност ќе биде забавен и возбудлив.

Девица

За врска

Со Јарецот ќе имате содржаен однос во кој ќе има многу поддршка и разбирање. Двајцата сте романтични и нежни, па постојано ќе си искажувате љубов и наклонетост.

За авантура

Сензибилната Риба е идеален партнер за летна авантура. Ќе ви овозможи многу слатки моменти на страст, па во нејзината прегратка ќе заборавите на сите грижи.

Вага

За врска

Со Водолијата ќе остварите интересен однос во кој ќе има многу возбуда. Двајцата сакате предизвици и патувања, па ќе уживате заедно во животот со полни гради.

За авантура

Овенот во вас ќе ја пробуди страста, па уште на прв поглед ќе ве привлече за себе како магнет. Ќе знае со што да ви удоволи, но ќе има и кавги, како и смирувања помеѓу чаршафите.

Скорпија

За врска

Со Риби ќе имате однос базиран на многу чувства, романтика и нежности. Ќе се дополнувате и поддржувате во сè. Рибата ќе знае да ви угоди во сè, што и тоа како ќе ви годи.

За авантура

Со Бикот ќе поминете многу страсни моменти. Уште при првиот контакт нешто ќе ви проструи во телото, а силната телесна привлечност веднаш ќе ве спои.

Стрелец

За врска

Со Лавот ќе имате врска во која ќе има многу динамика, токму како што и двајцата сакате. Лавот кон вас ќе се однесува заштитнички, што вам силно ќе ви годи.

За авантура

Немирниот Близнак ќе ве воведе во светот на страстите и недоживеаните искуства. Иако во некои работи сте различни, има доволно такви кои одново и одново ќе ве поврзуваат.

Јарец

За врска

Со Бикот ќе имате стабилна и сигурна врска. Двајцата сте сериозни и практични, што е предуслов да си бидете верни еден на друг. Со заеднички сили можете многу нешта да направите.

За авантура

Чувствителниот Рак ќе ве освои на прв поглед. Ќе пламне страста и таа жар нема брзо да згасне. Никогаш нема да си здодеете еден на друг, тоа ќе биде однос полн со љубов и страст.

Водолија

За врска

Со Близнаци ќе имате доволно возбудлив и поттикнувачки однос во кој нема да има досада. Имате слични животни ставови и добро се надополнувате. Двајцата сакате друштво и излегување.

За авантура

Со топлиот и еротичен Лав ќе доживеете неочекувани моменти на страст. Дури и ако има разлики меѓу вас, силната привлечност ќе ве фрла во прегратките на другиот.

Риби

За врска

Со ракот лесно ќе постигнувате компромиси и договори, па ретко ќе се карате. Врската ќе ви биде полна со меѓусебно почитување и разбирање, а романтиката нема да недостасува.

За авантура

Воздржаната Девица ќе ве привлече како магнет и нема да можете да ѝ одолеете. Штом се најдете насамо, страста ќе ви го помати разумот и вам и неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар