Кои хороскопски знаци најдолго останува во врска?

Кои хороскопски знаци најдолго остануваат во врска?

Нашите чувства и емотивни склоности, во голема мерка се одредени од астролошките профили. Погледнете како секој од хороскопските знаци се снаоѓа во љубовните врски.

Кои хороскопски знаци најдолго остануваат во врска

Овен

Овните се вљубуваат брзо и снажно, па дури и прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со тие одлуки и бегаат од нив, што понекогаш трае со месеци. Потоа вообичаено запаѓаат во период на проценка и повторни средби, притоа обидувајќи се да ја оживеат страста во врската. Во текот на тој период најчесто осознаваат како се чувствуваат и решаваат дали сакаат да останат во врската и да се смират. Доколку не успеат да ја оживеат страста, тогаш тие најчесто бараат нова љубов.

Бик

Биковите се верни како кутриња и тоа не во лоша смисла на зборот. Кога еднаш ќе ја запознаат личноста, тие се врзуваат за неа и најчесто остануваат со неа до крајот на животот, или поточно додека функционира сексуалниот живот. Доколку страста исчезне или едноставно го снема интересот за секс, ќе побараат возбуда на друго место и тоа најчесто зад вашиот грб. Неверството никогаш нема да го признаат и тоа само во име на врската која ќе трае засекогаш. Со други зборови кажано значи дека и ако се неверни нема да ве остават.

Близнаци

Близнаците се верни и никогаш не ја напуштаат саканата личност, но сакаат да ја тестираат за да видат колку љубомора можат да предизвикаат. Всушност тие дури и ќе ја измачуваат личност со која се во врска, флертувајќи со што е можно повеќе луѓе. Само поради таа причина честопати остануваат сами и оставени, кога се во прашање луѓе кои не можат да го поднесат заведувањето и лутањето на погледот на близнаците. Близнаците ќе ги припитомите и ќе го задржите нивниот интерес, само ако вие нив ги направите љубоморни. На тој начин ќе останат во врска засекогаш.

Рак

Ракот е знак на кого најмногу му одговара да ѝ се предаде на една личност и да заврши со тоа. Овој знак не сака игри и проблеми што произлегуваат од било какви сомнежи или несигурност. Сепак тие можат да бидат силно љубоморни, несигурни и да бараат многу од партнерот, што честопати ги одбива луѓето кои ги сакаат. Ретко се случува да треба да се грижите за тоа дали овој знак ви е верен, бидејќи кога еднаш ќе се венчате, ракот е ваш засекогаш.

Лав

Лавовите се прилично внимателни пред да се вљубат. Може да помине доста долго време пред љубовта да процвета, бидејќи овој знак ги обожува игрите на заведување. Кога ќе им се случи да се вљубат, најчесто се многу страсни и посветени, но тоа не трае долго. Луѓето родени во овој знак имаат немирно срце, па затоа врските не им траат долго.

Девица

Овој тврдоглав и практичен знак сака кусо додворување и сосема малку секс. Всушност станува збор за знак кој првенствено ќе се реши за воздржување од секс пред брак. Најверојатно и после склучување на бракот ќе го избегнува сексот. Многу претставници на овој знак се во брак во кој ретко се консумира секс и во кој со години, особено жените, ќе мижат на неверството на партнерот. Врската на девицата ќе трае долго сè додека се во игра сигурноста, материјалната добивка и угледот во друштвото.

Вага

Вагите се многу верни и најчесто имаат долги врски, бидејќи во врската тие пред сé се пријатели. Сепак тие лесно можат да се оладат и загреат за личноста, а несигурноста и неверството можат да ја уништат нивната врска. Врската со вагата ќе трае сé додека ги држите заинтересирани во кревет и додека сте спремни да им понудите многу внимание.

Скорпија

Луѓето родени во знакот на скорпија се меѓу најверните знаци во зодијакот. Тие се едни и од најпривлечните и најхаризматични личности, па нивниот партнер мора да се бори со секакви конкуренти. Тоа создава многу несигурност, поради што врските после година или две се распаѓаат. Најубаво е да не се замерувате многу со овој знак, бидејќи ќе ве „боцне“ во грб без пардон.

Стрелец

Родените во знакот на стрелец се неодлучни и имаат проблем со посветеноста кон една личност, па кога се долго време на едно место или во иста врска, стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со стрелецот да трае со години, морате да им дадете доволно слобода. Можеби ќе морате дури да преминете и преку повремени неверства.

Јарец

Јарецот е многу традиционален знак кој очекува традиционална венчавка на која ѝ претходело долготрајно додворување и не премногу секс пред брак. Исто така овој знак очекува потполна верност и кога тоа еднаш ќе го добие, останува со партнерот долго време. Децата и сексот претставуваат начин на кој ќе го задржите јарецот, а неверството за него вообичаено значи прекинување на врската.

Водолија

Ова е многу немирен знак на кој му е проблем да остане со некого подолго време, па со разновидност и промени сака да си го направи животот поинтересен. Водолиите вообичаено не се претерано сексуални. Може да им се случи некоја личност максимално да ги фасцинира и импресионира, а потоа одеднаш да изгубат интерес. Најголема шанса да останете со водолија подолго време заедно, ќе имате доколку го стимулирате нивниот интелект за да не им биде здодевно, а пожелно е и да сакате да патувате.

Риби

Рибите се еден од најверните и најпосветените знаци во зодијакот. Тие сакаат врски кои ќе траат цел живот. И покрај тоа што станува збор за многу морални знаци, неверството не им е непозната работа, но тие тоа никогаш нема да му го признаат на партнерот. Честопати рибите се тие кои се венчаваат со својата средношколска љубов и со неа остануваат до крајот на животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ааааааааааааа Reply

    Значи глупости се пишувани за сите знаци!!! Врска нема ова лажги со опашки -.-

  2. Натараџа Reply

    Поголеми глупости немам прочитано до сега, ама сериозно!

  3. SBEP Reply

    more za lavo i te kako e dobro pogodeno

  4. анонимна Reply

    kako da ne pogodeno! Ova ti se gluposti vo boja!!!

  5. Еленна Reply

    Јас сум девица и сакам секс.

  6. Ana Reply

    nisto ne mi pogodile.

  7. katerina Reply

    Честопати рибите се тие кои се венчаваат со својата средношколска љубов и со неа остануваат до крајот на животот.

    Bash bi sakala da bide vaka .Ama slabo 😀

  8. Mica Reply

    LELELE KAJ BEVTE PORANO DA MI KAZETE ZA MOETO RAKCE ,A NE JAS MAKI MACEV SO NEGO TOCNO SEKOJA CEST ISTO TAKA I ZA sTRELCITE SI JA SAKAME SLOBODATA

Остави коментар