Кои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?

Кои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?

Раскинувањата се нормален дел од животот. Следните фази се преболувањето и продолжувањето понатаму. Некои преболувања одат полесно од останатите, а ѕвездите имаат замешано прсти во сето ова. Во продолжение, дознајте кои хороскопски знаци најлесно ќе ги преболите, а за кои ќе ви треба малку повеќе време…

Кои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?

1. Скорпија

Најлесно ќе го преболите партнерот доколку е роден во знакот Скорпија. Лесно е да се преболи Скорпијата бидејќи врската со неа многу брзо преминува од уживање во незадоволство. Благодарение на нивната магнетна привлечност, луѓето лесно се вљубуваат во Скорпиите, но и брзо ги преболуваат. Кога врската станува посериозна, нивната љубомора и опседнатост излегуваат на површина, па затоа не им недостасуваат многу на партнерите по раскинувањето.

2. Близнаци

Лесно е да се вљубите во Близнаците бидејќи тие се многу забавни, возбудливи и интересни. Но, многу лесно ќе можете и да ги преболите поради нивната површност и недоследност. Нивните партнери никогаш не успеваат да ги запознаат целосно, па затоа многу брзо ги преболуваат.

3. Овен

Врската со Овните е полна со авантури и непредвидливи ситуации. Но, партнерите без проблем ги забораваат, затоа што на Овните многу брзо им здосадуваат работите. Тие јасно им даваат до знаење на нивните партнери дека не сакаат да се врзуваат и со тоа успеваат да ги исплашат и оддалечат од себе.

4. Рак

Раковите се на 4-то место, бидејќи постојано прават пресметки, држат лутина и одбиваат да ги признаат грешките што ги направиле. Врската со нив е многу напорна, па затоа на партнерите не им треба многу време за да ги преболат.

5. Лав

Лавовите имаат големо срце и креативен поглед кон животот, па затоа луѓето лесно се вљубуваат во нив. Но, понекогаш знаат да се однесуваат премногу заповеднички и нивната опседнатост со контролата станува премногу напорна за другата личност во врската.

6. Риби

Рибите се наоѓаат на средина, бидејќи никогаш не знаат што сакаат. Иако се многу сочувствителни како партнери, тие имаат превисоки очекувања и никогаш не кажуваат отворено што сакаат. Токму затоа, врските со нив се многу напорни и тешки.

Кои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?

7. Јарец

Јарците се многу амбициозни и посветени на нивните соништа, а повеќето луѓе ги обожаваат ваквите поединци. Меѓутоа, партнерите можат да ги преболат по некое време, бидејќи Јарците никогаш не се вложуваат целосно во врската и честопати претпоставуваат дека ќе се случи најлошото, па затоа само чекаат да сѐ да се распадне. Тоа што го мислат најчесто и го привлекуваат.

8. Стрелец

Не е лесно да се преболи Стрелецот, благодарение на неговата смеа, радост и оптимизам. Единственото нешто што им помага на нивните партнери да ги преболат е тоа што понекогаш припадниците на овој знак не се сигурни дали се вљубени, а тоа ги плаши повеќето луѓе и ја намалува нивната љубов кон Стрелците.

9. Водолија

Многу е тешко да се преболат Водолиите, бидејќи потребно е да помине многу време за партнерите да се вљубат во нив. Луѓето многу се трудат да ги запознаат и да ги срушат нивните емоционални бариери, па затоа кога конечно ќе успеат во тоа, многу им е тешко да ги заборават и да продолжат понатаму како ништо да не било.

10. Вага

Партнерите не можат толку лесно да ги заборават Вагите. Припадниците на овој знак се неодоливи и луѓето обожаваат да бидат во врска со нив. Единственото нешто што може да ги одбие е нерешителноста на Вагата и неподготвеноста да биде во сериозна врска. Сепак, Вагите се толку опуштени и шармантни што луѓето не ни забележуваат дека не се заинтересирани за врска.

11. Бик

Тешко е да се преболат Биковите, бидејќи кога ќе се заљубат, врската станува нивниот главен приоритет. Тие се лојални и грижливи и никој не сака да прекине врска полна со љубов и топлина.

12. Девица

Најтешко е да се преболи Девицата! Иако на почетокот ќе ви биде тешко да ги запознаете припадниците на овој знак поради нивната срамежливост и затвореност, ако се вљубите во нив никогаш нема да посакате да ги оставите. Врската со Девиците е посебна и неверојатна, па затоа многумина никогаш не успеваат да ги преболат целосно.

Дали сте знаеле дека вашиот хороскопски знак може да ви ја открие причината зошто не можете да го/ја заборавите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар