Кои хороскопски парови се некомпатибилни од астролошки аспект?

Кои хороскопски парови се некомпатибилни од астролошки аспект?

Понекогаш спротивностите навистина се привлекуваат, но астролозите не им предвидуваат среќна љубовна врска на овие хороскопски парови – тие едноставно не можат да бидат заедно.

Кои хороскопски парови се некомпатибилни од астролошки аспект?

1. Бик и Овен

Оваа комбинација е како да се обидувате да комбинирате оган и вода – тоа е едноставно невозможно. Бикот сака стабилност и удобност, додека Овенот оди напред полн со енергија и желба за акција. Биковите често ќе чувствуваат дека Овенот постојано ги води напред и не ја цени нивната потреба да забави. Од друга страна, Овенот ќе биде фрустриран од тврдоглавата природа и склоноста на Бикот да одолговлекува. Нивната врска често ќе се врти околу кавги и недоразбирања.

2. Близнаци и Рак

Близнаците сакаат друштво, разговор и промени, додека Ракот е длабоко емотивен и поврзан со своите чувства. Близнаците често ќе се чувствуваат ограничени поради потребата на Ракот за внимание и емоционална поддршка, додека Ракот ќе се чувствува несигурно поради нестабилната природа на Близнаците и потребата за постојана промена. Нивната комуникација често ќе биде проблематична бидејќи Близнаците нема секогаш да ги препознаваат суптилните емоции на Ракот.

3. Лав и Јарец

Лавот сака да биде во центарот на вниманието, додека Јарецот се стреми кон сериозност, одговорност и постигнување цели. На Лавот Јарецот ќе му биде здодевен и премногу фокусиран на работата, додека Јарецот ќе го гледа Лавот како неодговорен и егоцентричен. Овој пар често ќе се судира со своите приоритети и вредности, што ќе доведе до тензија и фрустрација во нивната врска.

Откако прочитаве кои хороскопски парови се некомпатибилни, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци се најегоцентрични.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар