Кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта до 20 март?
Секстилот на Меркур со Уран на 17 март ќе донесе возбудливи вести и инспиративни разговори. Ќе научите нови работи и ќе запознаете нови луѓе. Доколку сè уште имате нерешени проблеми во поглед на љубовта, астролозите истакнуваат дека ова ќе биде идеалното време да го најдете решението.
Од 18 март ќе настапи фазата на полна Месечина во Девица која е склона кон перфекционизам, па така во вас ќе го разбуди стремежот да бидете совршени, да направите сè да биде во најдобар ред, па дури и односот со партнерот. На 19 март пак, љубовните врски ќе се соочат со одредена нестабилност. Зголемената потреба за слобода ќе ги стави во искушение паровите и ќе го тестира нивното трпение. Оние кои се во подолга врска, ќе се обидат да го зачуваат мирот и благосостојбата доколку навреме им пристапат на проблемите.
Во продолжение прочитајте кои 5 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта до 20 март.
Бик
За нештата во љубовта да се одвиваат во најдобар ред, морате да ја одржувате внатрешната хармонија и да изградите ѕид кој ќе ви биде заштита од токсичните луѓе. Обидете се да комуницирате колку што е можно помалку со луѓето кои ви завидуваат за да не ви ја пренесат негативната енергија. Планетите и ѕвездите ќе ви ја дадат потребната енергија за да ги остварите вашите романтични планови.
Близнаци
Конечно во вашиот личен живот ќе настапи мирен период без никакви расправии и недоразбирања. Астролозите ви препорачуваат да не го занемарите вниманието на партнерот. Доколку пак сте слободни и сакате да ја привлечете љубовта, ова е идеален момент да работите на себе и да го отворите срцето за нова романса.
Лав
Во деновите што доаѓаат, вашата ѕвезда-водилка постојано ќе ви испраќа знаци кои ќе ве однесат на патот кон среќата. Вие сами одлучувате како ќе ја поминете неделата – дали ќе си посветите повеќе време себеси или пак нема да ги одбивате поканите за дружење. Доколку сте во врска, најважно е да ги избегнете можните расправии и конфликти. Посветете им се на вашите желби и потреби. Ова ќе ве ослободи од стрес, но и ќе ви помогне да го подобрите односот со партнерот.
Девица
Оваа недела ќе имате огромен енергетски потенцијал. Тоа ќе ви помогне да ги преминете сите пречки на патот кој ќе ве однесе до сродната душа. Вообичаено, по карактер сте претерано впечатливи и емотивни, но од 15 до 20 март ќе можете да ги контролирате вашите чувства. Ќе бидете позитивно расположени во текот на целата недела и ќе имате можност за флертување и нова романса.
Вага
Во деновите што доаѓаат, ќе бидете активни во поглед на љубовта, особено доколку не сте во врска. Доволно е да замислите желба, да си ја претставите визуелно, и љубовта ќе затропа на вашата врата! Доколку сте во врска, ве очекува важен разговор со партнерот преку кој можете да решите многу проблеми и недоразбирања. Неделата ќе ви биде полна со настани, но важно е да ја зачувате вербата во себе и во своите квалитети за да ја пронајдете сопствената среќа.
Откако прочитавте за најсреќните хороскопски знаци во љубовта до 20 март, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за март 2022 година во поглед на кариерата, љубовта и здравјето.
Извор: sensa.mondo.rs