Кои 5 хороскопски знаци ги очекува нова љубов во мај?

Кои 5 хороскопски знаци ги очекува нова љубов во мај?

Според астролозите, мај ќе ни донесе многу убави работи, особено во поглед на љубовта. Покрај тоа, мај е месец на обнова и промена. На 10 мај Јупитер ќе го заврши престојот во знакот Риби што ќе влијае позитивно врз водените и земјените знаци на Зодијакот. Дополнителна мотивација ќе бидат и Марс во Риби и Сонцето во Бик. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци ги очекува нова романса во мај!

Кои 5 хороскопски знаци ги очекува нова љубов во мај?

Овен

Како еден од најимпулсивните знаци во Зодијакот, нема да престанете да се грижите и во мај. Ќе имате премногу обврски, но и премногу пречки кои ќе морате да ги надминете. Сепак, работите ќе се одвиваат во посакуваната насока, а топлите денови и финансиската добивка ќе ве направи среќни и добро расположени. Покрај тоа, никој нема да може да ви одолее на шармот!

Бик

Мај ќе биде исклучително добар период за вас. Доаѓа време на мали, но пријатни изненадувања кои ќе ја навестат долгоочекуваната промена. Сето ова, меѓу другото, ќе влијае и врз вашето расположение. Ќе ширите радост и позитивна енергија кои поволно ќе се одразат и врз љубовта. Голема е веројатноста дека во овој период ќе стекнете нови познанства.

Близнаци

Мај ќе го означи крајот на долгиот и тешкиот период на одлучување и анализирање. Сè ќе се одвива на начин како што посакувате, па дури и во поглед на љубовта. Топлите зраци особено ќе придонесат за вашата позитивна енергија, па така почесто ќе се смеете, ќе се шегувате со другите, но и ќе флертувате, а притоа ќе ја ширите својата енергија!

Лав

Во мај ве очекува вистинска пролетна романса! Убавото време ќе ви донесе можност за лични промени, а притоа ќе се охрабрите да флертувате со другите за време на разни настани. Никој нема да остане рамнодушен на вашиот шарм.

Девица

Во мај конечно ќе го направите тешкиот избор поврзан со одлуката за која долго време размислувавте, но тоа ќе ви донесе големо олеснување. Освен тоа, мај ќе ви донесе убави мигови, нежна енергија и нови познанства. Постои голема шанса дека ќе шармирате некого и дека ќе се заљубите. Можеби на почетокот нема да сакате да си признаете, но срцето кога-тогаш ќе проговори.

Откако прочитавте кои хороскопски знаци ги очекува нова љубов во мај, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ќе се збогатат во мај.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар