Кои 4 хороскопски знаци ќе се соочат со предизвици на љубовен план во текот на оваа недела?

Кои 4 хороскопски знаци ќе се соочат со предизвици на љубовен план во текот на оваа недела?

Ова е недела во која многумина ќе сфатат дека е подобро да стават крај на своите љубовни врски затоа што љубовта едноставно згаснала. Освен тоа, ни се ближи сезоната на знакот Лав, а Лавот е фантастичен за лекување и позитивен раст, но мора да се збогуваме од она што го имаме за да дојдеме до она што е правилно и добро за нас. Еве кои хороскопски знаци ќе се соочат со предизвици на љубовен план во текот на оваа недела:

Кои 4 хороскопски знаци ќе се соочат со предизвици на љубовен план во текот на оваа недела?

Вага

Оваа недела ќе мора да се соочите со нешто што го избегнувате некое време, а се врти околу идејата дека не сте задоволни од вашата романса. Всушност, „романтика“ е последното нешто со кое би ја опишале врската. Можеби сте тажни во вашата моментална врска и не можете да се справите со идејата да бидете тажни засекогаш во бесмислена врска, така што оваа недела ве очекува конфликт со вашиот партнер.

Скорпија

Повторно ќе почувствувате дека ја преземате улогата на „лошото момче“ во вашата романса, а тоа е едноставно затоа што длабоко во вашето срце знаете дека од вас зависи дали ќе го завршите ова болно патување. Да, тоа е точно, вашата врска едноставно не е онаква каква што сакавте да биде, и иако знаете дека вашиот партнер го чувствува истото, помала е веројатноста тој да биде тој што ќе ја прекине, па сè е во ваши раце.

Стрелец

Некои од припадниците на овој знак повторно се во иста ситуација како и многу пати досега – во врска која ги растажува и не води никаде. Сепак, сега сфаќате дека ова е вашето време и знаете дека работите нема да се променат и да се подобрат сами по себе. Вашиот љубовен живот не е онаков каков што сакате да биде и колку побрзо излезете од оваа состојба толку подобро. Сосема во ред е да излезете од ситуацијата која ви троши време и енергија и да продолжите понатаму!

Риби

Се чувствувате како повеќе да не можете да издржите. Размислувате да раскинете со личноста со која сте бидејќи сфативте дека врската не се подобрува и никогаш нема да биде она што ви треба. Не сте заљубени, ниту сте приврзани, па во срцето знаете дека е време за овој потег. Вие го знаете тоа, вашиот партнер го знае, а сега е периодот кога треба да излезете од сè што ве ограничува.

Откако прочитавте кои хороскопски знаци ќе се соочат со предизвици на љубовен план оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе му влијае транзитот на Меркур во Лав на секој хороскопски знак до 27 јули.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар