Кои 3 хороскопски знаци нема да имаат среќа во љубовта во јули?

Кои 3 хороскопски знаци нема да имаат среќа во љубовта во јули?

Јули ќе донесе со себе нови предизвици за хороскопските знаци, а тоа значи и турбулентен период на љубовен план. Според астролозите, овие хороскопски знаци нема да имаат среќа во љубовта.

Кои 3 хороскопски знаци нема да имаат среќа во љубовта во јули?

Лав

Доколку сте во брак ве очекуваат недоразбирања во односите со партнерот. Треба да го разберете партнерот кој понекогаш ви замерува што многу работите и помалку време поминувате дома. Освен тоа, време е да си поставите приоритет. Доколку сакате да го спасите бракот потребно е повеќе да му се посветите. Ако не сте во врска, не барајте потенцијален партнер по секоја цена. Наместо тоа, посветете си повеќе време себеси и работете на вашата самодоверба. Љубовта ќе пристигне во вистинското време.

Вага

Доколку не сте во врска ќе бидете во дилема дали да се откажете од потрагата по сродна душа или да продолжите со исцрпувачките љубовни состаноци, надевајќи се дека овој пат ќе ја пронајдете вистинската личност. Астролозите ви предвидуваат да не се двоумите премногу бидејќи на тој начин пропуштате добри шанси.

Риби

Доколку сте во брак ве очекува тежок период бидејќи токму во јули ќе разгорат старите конфликти со партнерот. Во тој случај неопходно е да покажете максимална толеранција и да не предизвикувате непотребни кавги. Обидете се да го разберете партнерот и да сфатите што е тоа што му пречи. Меѓу другото, не исклучувајте ја можноста да поработите и на сопственото однесување.

Откако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ќе бидат несреќни во љубовта, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекува огромен успех сè до 23 октомври.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар