Кои 3 хороскопски знаци денес ќе им стават крај на своите токсични врски?
Денешниот транзит на Месечината и Плутон ќе донесе повик за будење за 3 хороскопски знаци. Дел од припадниците на овие 3 знаци ќе видат дека нивните партнери се опседнати со контрола, но ќе сфатат и дека не мора повеќе да го трпат тоа. Еве за кои хороскопски знаци станува збор:
Близнаци
Во вашата моментална љубовна врска терминот „љубов“ е заменет со „контрола“ и сега се прашувате зошто воопшто сте веќе во врска со оваа личност. За време на денешниот транзит сè ќе ви стане јасно и ќе видите само една алтернатива – раскинување! Сега ќе ја прекинете врската бидејќи конечно гледате дека ништо не се случува освен што се влошува. Која и да е оваа личност, таа сигурно не била таква кога сте ја запознале, а ако сакате да уживате во времето на оваа планета, тогаш тоа ќе го правите во слобода и без насилното инсистирање на партнерот. Кажете им збогум на деновите на контрола.
Вага
Денешниот транзит ќе ви даде дрскост и решителност да го направите она што треба да се направи, бидејќи во вашето срце знаете дека никој друг нема да ве спаси ако не излезете од оваа врска. Ќе сфатите дека вие сте единствениот херој! Денес смело ќе кажете НЕ на контролата и чувството на инфериорност во однос на партнерот и со насмевка ќе ставите крај на оваа неподнослива ситуација!
Јарец
Овој ден доаѓа со измешани чувства – жалење и радост! Се каете затоа што чувствувате дека сте изгубиле премногу време чекајќи да се промени личноста во која сте биле во врска и се радувате затоа што конечно ја преземате контролата над вашиот живот. Денес, за прв пат по долго време, чувствувате како ви тече моќ низ вените. Повеќе не прифаќате да ве турнат настрана или да ве понижуваат. Можеби не знаете каде одите, но барем вие одлучувате!
Откако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ќе им стават денес крај на токсичните врски, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те најчувствителни знаци во Зодијакот.
Извор: sensa.mondo.rs