Кога треба да одите на спиење според вашиот хороскопски знак?
Вага: 23.00 часот
За да можат да бидат најдобри, мирољубивите Ваги имаат потреба од легнување во 23.00 часот, како би отспале солидни 8 часа. Тие трошат многу време на урамнотежување на нештата, но и за да им се допаднат на другите, па затоа на крајот од денот се чувствуваат истоштени. Потребно им е време за повторно да ги наполнат батериите, по можност, во убав и среден простор за спиење.
Скорпија: 22.00 часот
Скорпиите, генерално, не спијат добро, па имаат проблеми со будењето наутро. За да можат да отспијат 8 часа, но и да имаат еден час вишок за бавно будење, Скорпиите би требало да си легнуваат најдоцна до 22.00 часот. Но, не секогаш имаат потреба од осумчасовен сон. Токму затоа постои кафето, се согласувате? Благодарение на влијанието што нивната планета го има врз нив, тие успешно го одложуваат времето за одење в кревет. Не им претставува проблем да легнуваат доцна, зашто не им претставува проблем ниту да спијат до доцна. Но, токму поради оваа навика, често имаат недостаток на сон.
Стрелец: 1.00 часот по полноќ
Во просек, Стрелците би требало да спијат барем 6 часа дневно, што значи дека треба да си легнуваат до 1.00 часот наутро. Меѓутоа, припадниците на овој знак се многу енергични и можат да издржат без сон повеќе денови одеднаш.
Јарец: На полноќ
На Јарците им треба да отспијат 7 до 8 часа, без разлика кога ќе си легнат. Тоа значи дека ако родените во овој знак треба да станат за на работа во 7.00 часот, мора да бидат во кревет до полноќ за да можат да го искористат целиот свој потенцијал наредниот ден. За да имаат најдобар сон, на Јарците треба да им биде топло и удобно.
Водолија: 3.00 часот по полноќ
Водолиите поседуваат голема физичка и психичка енергија, што значи дека тие можат да останат будни до 3.00 часот наутро и да функционираат најнормално наредниот ден. Ним им треба вистински да се изморат за да можат добро да се наспијат. Меѓутоа, можат да се обидат и со медитација, топли бањи за опуштање и јога пред спиење.
Риби: 21.00 часот
Рибите поминуваат многу време во размислување и можат да спијат секаде. Нивниот сон може да трае до 18 часа дневно. Со оглед на тоа што ова не е изводливо кај Рибите кои имаат работа, тие имаат потреба од 10 часа спиење, што значи дека треба да си легнуваат околу 21.00 часот. Спиењето претставува многу значајна дрога за Рибите на психичко и духовно ниво. Можно е да имаат некои потешкотии при спиењето, но ваквите проблеми се привремени и може да се средат со малку труд.
Во продолжение прочитајте каква долна облека сакаат хороскопските знаци.