Кога треба да одите на спиење според вашиот хороскопски знак?
Ако не можете да заспиете во пристојно време (на пример пред 23.00 часот), имајте предвид дека можеби астрологијата има замешано прсти. Секоја личност оди на спиење во различно време, во зависност од хороскопскиот знак. Додека некои луѓе го отфрлаат ваквото мислење, научниците веќе одамна започнале да го истражуваат влијанието на месецот на раѓање врз нашиот биоритам и можните нарушувања на сонот, како нарколепсијата.
Токму поради тоа што на секој хороскопски знак му е потребно различно количество на вечерен сон, не само што се разликува времето во кое си легнуваме, туку се разликува и времето во кое се будиме. На едни знаци им е полесно да заспијат, додека на други им е полесно да се разбудат. Еве кога би требало да одите на спиење во зависност од вашиот хороскопски знак, доколку сите, хипотетички, би требало да се разбудите во 7 часот наутро.
Овен: Помеѓу 2.00 и 3.00 часот по полноќ
Овенот е бебето на Зодијакот и тој ги прави нештата на свој начин. Научниците забележале дека Овните сосема нормално функционираат во текот на денот, дури и со 4 до 5 часа вечерен сон. Но, доколку ваквото спиење го практикуваат подолго време, почнуваат да стануваат нервозни и се претвораат во вистински бебиња. И покрај тоа што спиењето од 4 до 5 часа е во ред, обидете се да спиете 6 или повеќе часа, барем неколку дена во неделата.
Бик: 23.00 часот
Со оглед на тоа што на овој знак му се потребни барем 7 часа спиење, Бикот би требало да го заврши денот најдоцна до 23.00 часот. На Биковите, обично, им е потребно повеќе време наутро за целосно да се расонат, па одењето в кревет во 23.00 часот, а будењето во 06.00 часот е најпрепорачливо за нивната тврдоглавост. Потребно им е „нежно будење“ со пријатна мелодија, наместо груб и силен аларм.
Близнаци: 01.00 часот по полноќ
Двојниот знак Близнаци некогаш е задоволен со 2, а некогаш со 12 часа сон, што во просек би значело дека им се потребни 6 часа излежување в кревет. Препорачливо за Близнаците е да си легнуваат не подоцна од 1.00 часот по полноќ. Со оглед на тоа што се зборлести, најдобро е „да се исклучат“ пред да одат на спиење зашто, во спротивно, се јавува ризикот воопшто и да не заспијат. Клучот е медитација или исклучување на електронските апарати!
Рак: 23.00 часот
Фамилијарниот Рак има потреба од квалитетно време за сон, со времетраење од барем 8 часа, за да се чувствува одморен. Ова значи дека Ракот треба да отпатува во земјата на соништата најдоцна до 23.00 часот. Всушност, овој знак најдобро функционира доколку отспие 9 до 10 часа, но ретко кога тоа навистина се остварува.
Лав: На полноќ
Лавовите најдобро функционираат кога ќе отспијат 7 часа, но не секогаш имаат потреба од толку спиење, па одењето в кревет на полноќ за нив е најраното време за легнување. Овој знак има силна, огнена конституција и нема потреба од долго спиење. Ова е сепак знакот на актерите кои откако ќе завршат со својот настап, одат на афтер, па дури потоа в кревет. Во случај да треба да го надоместат загубениот сон, потребна им е целосна темница, па затоа, се препорачува да користат маска за очите или да ги прекријат прозорите со завеси за затемнување.
Девица: 4.00 часот наутро
Девиците се функционални дури и со само 3 часа сон, па можат да си легнат во 4.00 часот и да станат свежи во 7.00 часот. Со оглед на тоа што сепак се луѓе, неизбежен е колапс доколку ваквото темпо го форсираат подолг временски период. Доколку сте Девица, активирајте го вашето „не-ми-треба-спиење“ оружје кога навистина ќе ви треба! Дотогаш, одморајте и спијте.
Продолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…