Кинески хороскоп за декември: Ќе имате можност да се ослободите од сите негативни влијанија!
Според една стара легенда, Буда ги викнал сите животни на голема прослава. Но, само 12 животни се појавиле: Стаорецот, волот, тигарот, зајакот, змејот, коњот, козата, мајмунот, петелот, кучето и свињата. Буда одлучил дека секое од овие животни треба да добие една година кога ќе му се оддава посебна почит. Според кинескиот хороскоп, на секој човек му припаѓа знакот кој владеел за време на годината кога се родил. Сите кинески хороскопски знаци имаат свои добри и лоши страни. Па, прочитајте што ве очекува овој декември според вашиот кинески хороскопски знак…
Стаорец
Главниот мотив овој декември ќе биде прифаќањето извинувања. Стаорците кои се во потрага по партнер може да добијат брз и неочекуван одговор од една нова личност. На професионален план, практичноста е она што ќе ви донесе најдобри резултати до крајот на месецот. Внимателно одредете ги вашите приоритети. Посебно внимание обрнете на работите што се наоѓаат на дното од листата. Доколку се наоѓаат таму веќе подолго време, можеби подобро е да заборавите на нив.
Вол
Бидете пофлексибилни во вашата љубовна врска овој месец. Не бидете тврди како камен. Истото важи и за луѓето кои се во потрага по љубов. Ако го отворите умот, ќе ви се отворат и многу нови можности. Не дозволувајте нешто да ве ограничи и да ви го стесни погледот кон светот. На професионален план, говорот е најдоброто оружје што со леснотија ќе го користите до крајот на месецот. Доколку сакате да ги претворите идеите во дела, ќе мора да комуницирате со другите.
Тигар
Овој декември, вашата љубовна врска ќе биде пријатна и опуштена. Уживајте во друштвото на вашиот партнер. Можеби ќе запознаете нова и интересна личност во необични околности. Овој месец ќе ви биде многу весел и интересен. На работа ќе мора да извршувате повеќе задачи одеднаш за да можете да излезете на крај со сите обврски. Прво завршете ги најтешките задачи. Ќе имате можност да се ослободите од работите што влијаат негативно на вашата продуктивност. Вашата напорна работа со сигурност ќе ви се исплати.
Зајак
Добрата комуникација ќе ви помогне да ја спасите врската. Можеби вашиот партнер нема веднаш да ви се отвори и да ви каже како се чувствува, но не се откажувајте. Зајаците кои се во потрага по љубов не би требало да носат избрзани одлуки. На професионален план, доколку не сте ги завршиле старите проекти, не започнувајте нови во наредните 30 дена. Некои од проектите на кои работите моментално можат да ви донесат голем успех ако им се посветите.
Змеј
На вашите најблиски им треба охрабрување и поттик овој месец. Змејовите мора да бидат внимателни ако некој им изјави љубов премногу брзо. Покажете им на сите колку сте амбициозни и мотивирани на работното место. Објаснете им на колегите како можат да ви вратат за вашите услуги од претходно.
Змија
Декември ќе ви биде одличен месец за зацврстување на блиските односи. Луѓето ќе бидат покомуникативни, а тоа ќе ви донесе една нова енергија во животот. Змиите кои се во потрага по љубов можеби ќе запознаат некого, но нема да има хемија. Добро размислете за вашите професионални можности месецов. Набрзо ќе забележите колку шанси чекаат да ги искористите.
Коњ
Разубавете си ја атмосферата овој декември на тој начин што ќе муабетите со опуштени луѓе. Доколку сте во потрага по партнер, професијата може да ви биде извор на нови познанства. Меѓутоа, не заборавајте дека мешањето на работата и љубовта понекогаш може да значи крај на кариерата. Ви следуваат многу сомнителни и непредвидливи работи до крајот на месецот. Најдоброто решение е најчесто првото, односно интуитивното.
Коза
Овој месец вашите колеги ќе бидат натпреварувачки расположени, а врските со најблиските ќе цвета од хармонија. Ќе добиете голема поддршка од пријателите и семејството. Козите кои се во потрага по љубов ќе имаат можност да стекнат долготрајно пријателство кое со текот на времето ќе се развие во нешто повеќе. И покрај потешкотиите на работа, вашата креативност ќе ви помогне да ја победите конкуренцијата.
Мајмун
За да можете да влезете во иднината, најдобро е да расчистите со вашето минато. Искуствата што сте ги стекнале засекогаш ќе останат дел од вас, а тоа ќе ви биде од големо значење доколку барате љубов. Внимавајте да не ги повторите грешките од минатото. На професионален план, поставете ги вашите цели високо во наредниве 30 дена.
Петел
Овој месец ќе имате помалку време за вашата љубовна врска, па затоа обидете се да го поминувате што е можно поквалитетно. Доколку сте во потрага по љубов, немојте да бидете изненадени ако забележите многу промени. Односите во вашите социјални кругови се промениле. Неодамнешните несогласувања го нарушиле единството на групата, па обидете се да одбегнувате нови конфликти. На професионален план, потрудете се да соработувате, а не да манипулирате. Во наредните 30 дена, соработката ќе ги намали сите тензии што ја отежнуваат работната атмосфера.
Куче
Вие и вашиот партнер се менувате и мора искрено да разговарате за вашата врска. Кучињата кои бараат партнер овој месец ќе ги привлекуваат луѓе кои се сосема поразлични од нив. На професионален план, она што ве мачи е неуспешната комуникација. Сите недоразбирања мора да бидат решени во наредните 30 дена. Мора да размислувате стратешки и да откриете што можете да направите за да ги тргнете пречките и да им помогнете на другите да си ги поправат грешките.
Свиња
Овој декември ќе ви биде исполнет со обврски кон блиските луѓе. Сите ќе уживаат во ваше друштво. Свињите кои се во потрага по партнер ќе забележат дека нештата стануваат поинтересни кога подобро ќе запознаат некого. На професионален план, постојат 2 работи што мора да ги запомните доколку сакате да направите големи промени во наредните 30 дена. Прво, мора сами да раководите со своите обврски и да ги насочувате. Второ, мора да го завршите она што сте го започнале. Немојте да бегате од можностите што ви се нудат.
Во продолжение прочитајте како кинескиот хороскоп влијае на изборот на професија.