Келтски хороскоп
Келтската религија е заснована на верување во природни и натприродни сили, кои во форма на духови населувале одредено дрво. Тие верувале дека поради тоа дрвото има сила и моќ од Сонцето, и се сметало за суверено суштество. Еве што ни кажува келтскиот хороскоп кој е значително поинаков од оној западниот на кој сме навикнале.
Бреза (24 декември – 20 јануари)
Брезата се смета за „дама на шумата“. Таа симболизира повторно раѓање, почеток и обновување, бидејќи брезата е дрво кое на пролет прво ги добива своите лисја. Исто така Келтите ова дрво го поврзувале со чистота и невиност. Луѓето родени во овој знак се амбициозни, одлучни, флексибилни, секогаш се јасно ориентирани кон целта и се добри лидери. Имаат потреба да успеат во животот и веруваат дека работливоста и упорноста се исплатува. Брезите се лојални, но понекогаш можат да бидат цинични. Тие се работливи, сериозни и со малку чудна смисла за хумор. Тие знаат понекогаш да бидат песимисти. Честопати се сами, а врските или бракот им се случуваат подоцна во животот, бидејќи им е тешко да пронајдат некој кој ќе се вклопи во нивниот строг шаблон и рутина. На брезите секогаш им е потребна јасна цел за да не бидат депресивни и песимистични.
Боја: бела
Планета: Сонце
Животно: златен орел
Оскоруша (21 јануари – 17 февруари)
Келтите оскорушата ја нарекувале „дрво кое шепоти“. Тие верувале дека ова дрво ќе им ги каже тајните на оној кој сака да слуша. Една ирска легенда вели дека првата жена на светот е создадена од оскоруша. Луѓето родени во знакот на оскоруша се идеалисти кои имаат визионерски идеи и високи хумани и духовни принципи. Тие се самостојни, оригинални, неконвенционални, мразат конформизам и имаат склоност кон уметност. Способни се да бидат водачи, но бидејќи користат необични методи, а имаат и уште понеобични идеи, тешко можат да најдат следбеници. Оскорушите се љубезни и топли личности кои умеат да ги слушаат другите луѓе. Тие имаат чудна смисла за хумор, па често се смеат на сериозни нешта. По природа тие не се романтични, а во брак стапуваат во подоцнежните години.
Боја: црвена и сива
Планета: Уран
Животно: зелен змеј
Јасен (18 февруари – 17 март)
Келтите гранките од јасен ги ределе во круг за да се заштитат од змии, а семето од јасен го користеле за предвидување на љубовта. Луѓето родени во знакот на јасен обично имаат двојна личност. Тие од една страна имаат уметничка и ранлива душа, а од друга страна се многу прагматични. И покрај тоа што изгледаат кревко, тие многу лесно закрепнуваат од секој пораз. На луѓето родени во знакот јасен лесно може да се влијае, бидејќи немаат доволно самодоверба. Го сакаат театарот и филмот, а освен со уметност можат да се занимаваат и со медицина. Личностите од овој знак се спонтани, интуитивни, интелигентни и комуникативни. Тие се добри пријатели, идеални партнери и грижливи родители.
Боја: зелена
Планета: Нептун
Животно: галеб, морско коњче
Бор (18 март – 14 април)
Келтите верувале дека борот ги поврзува машките и женските принципи и помага во создавањето рамнотежа. Според ирската легенда првиот маж бил создаден од ова дрво. Луѓето родени во знакот бор се снажни, сакаат авантури и подготвени се својот пат сами да го обележат. Сакаат своите битки сами да ги водат, но имаат и храброст за тоа. Духот им е немирен и неуморен, а натпреварувањето им е нормална секојдневна појава. За овие луѓе не постојат граници и тие постојано истражуваат нови пространства. Ентузијасти се, но можат да бидат и себични и непромислени. Тие имаат саркастична смисла за хумор и секогаш отворено кажуваат што мислат. Луѓето родени во знакот бор се страсни и се секогаш отворени за љубов.
Боја: тегет
Планета: Марс
Животно: лисица, мечка
Врба (15 април – 12 мај)
Врбата симболизира женственост. Келтите верувале дека бремените жени треба да стават ткаенина под врбово дрво и во неа да фатат овенати лисја за да имаат лесно породување. Луѓето родени во знакот врба имаат силна волја, извонредно помнење, практични се и брзо реагираат. Тие често го менуваат расположението, па поради тоа е тешко да ги разбереш и запознаеш. Мајките имаат силно влијание на овие личности низ целиот живот, но кога еднаш ќе се одлучат за врска тие се многу верни и посветени. Нивната смисла за хумор не е секогаш лесно да се разбере. Луѓето од овој знак се многу мудри, а тоа ги прави добри пријатели кои умеат да дадат добри совети, па поради тоа се ценети во друштво.
Боја: сите светли нијанси
Планета: Месечина
Животно: зајак
Глог (13 мај – 09 јуни)
Се верува дека на сопственикот на ова дрво тоа му носи богатство и напредок. Личностите родени во знакот глог се харизматични, креативни и преполни со идеи. Многу се талентирани, па поради тоа лесно се прилагодуваат на секоја ситуација. Освен тоа тие лесно влијаат на другите, спонтани се и добро комуницираат со луѓето, а имаат и многу самодоверба поради што лесно се наметнуваат како водачи. Како пријатели се искрени. Имаат остра смисла за хумор. Ги привлекува новинарството и книжевноста.
Боја: пурпурна
Планета: Вулкан
Животно: пчела
Даб (10 јуни – 7 јули)
Дабот е свето келтско дрво кое ја симболизира вистината. Според келтската митологија дабот е првото дрво на земјата. Желадите од дабот ги користеле за заштита од удар од гром. Личностите од овој знак се морални, храбри, одлучни и одговорни. Лесно ги привлекуваат другите луѓе. Кога имаат проблем остануваат смирени и се концентрираат да пронајдат решение. Тие се оптимисти по природа. Во секоја ситуација ја кажуваат вистината, сакаат да филозофираат и понекогаш финансиски да ризикуваат. Како пријатели се великодушни и имаат истенчено чувство за фер игра. За саканата личност честопати поставуваат прилично високи стандарди.
Боја: црна и темно кафена
Планета: Јупитер
Животно: бел коњ, видра
Чинар (8 јули – 4 август)
Ова дрво Келтите го саделе близу до куќата за да ги штити од демони и зло. Личностите од овој знак се способни, практични и имаат смисла за логика, но повеќе сакаат да асистираат отколку да бидат водачи. Во врските се посесивни и заштитнички настроени и со задоволство му даваат поддршка на партнерот. Тие се перфекционисти и имаат големо влијание врз работите, но сето тоа го прават „зад сцената“. Многу се чувствителни и самокритични, а од врската бараат многу. Честопати се венчаат за нивната љубов од средношколските денови.
Боја: темно сива
Планета: Земја
Животно: мачка
Топола (5 август – 1 септември)
Тополата Келтите ја сметале за дрво на мудроста и доколку некој исечел топола, бил казнуван со смрт. Според ирското верување во тополата се крие самовила која ја сака поезијата. Луѓето родени во овој знак имаат остар интелект, паметни се, имаат добра перцепција и смила за пишување. Тие одлично ги планираат и организираат работите до најситни детали. Личностите во знакот топола се наклонети кон уметноста. Понекогаш можат да бидат параноични, а им недостасува и самопочит. Честопати се резервирани и студени, а во врските се искрени и грижливи.
Боја: кафена
Планета: Меркур
Животно: врана
Винова лоза (2 септември – 29 септември)
Во студената клима во која живееле Келтите било потребно многу труд за да успее виновата лоза , па поради тоа таа станала симбол на сензуалност и чувствителност. Личностите родени во овој знак се авторитативни и високо целат во секое животно поле. Навидум изгледаат како студени луѓе, но во суштина се нежни души, кои се многу романтични, самокритични и ранливи. Тие се едноставни личности на кои им е потребна емоционална сигурност. Вообичаено не се амбициозни, но имаат силен нагон за преживување.
Боја: шаренило
Планета: Венера
Животно: гуштер, бел лебед
Бршлен (30 септември – 27 октомври)
Келтите верувале дека девојките треба да носат бршлен за да им донесе среќа и заштита од неплодност. Личностите родени во знакот бршлен се многу издржливи. Имаат многу таленти кои често ги доведуваат до слава и општествени признанија. Тие се луѓе со жив карактер и оригинален единствен стил. Неуморни се и весели, сакаат друштво и лесно наоѓаат пријатели, бидејќи не сакаат никого да навредат. Овие личности имаат силна волја и оптимизам, чувствителни се, романтични и вечно вљубени во некого.
Боја: светло сина
Планета: Перзефина
Животно: гуска, пеперутка
Трска (28 октомври – 24 ноември)
Келтите трската ја сметале за дрво поради густиот корен. Тие верувале дека трската воведува ред после хаосот. Овие личности имаат силна фантазија и јасен поглед на комплексните работи. Добри пријатели се и покрај тоа што можат да бидат особено љубоморни. Како партнери се лојални. Луѓето од овој знак се горделиви, независни и не се плашат од ништо. Тие сакаат предизвици и веруваат во судбина. Поради својот дух и храброст се придржуваат до моралните вредности, бидејќи во спротивно можат да се претворат во многу опасни луѓе.
Боја: зелена
Планета: Плутон
Животно: був
Бозел (25 ноември – 23 декември)
Кај Келтите бозелот е симбол на раѓањето и смртта. Тие верувале дека ако некој со себе носи гранче бозел нема да може да гледа визии и духови. Исто така тие верувале дека палењето дрво од бозел е предзнак на смрт. Луѓето родени во знакот бозел се љубопитни и со немирен дух, па поради тоа често патуваат. Имаат среќа во животот и профитираат уште во младоста. Овие личности имаат екстравагантен вкус, не ја сакаат рутината и тешко може некој да ги убеди во нешто. Нивната вистинска сила лежи во тоа што секогаш точно знаат кога се во право. Во врските се отворени , но никогаш не се заљубуваат докрај.
Боја: црвена
Планета: Сатурн
Животно: црн коњ, дабар
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Kineski: Zmija
Zapaden: Skorpija (planeta pluton)
keltski: trska (planeta pluton) <3
Zapaden: Devica
Keltski: Topola
Planeta: Merkur ( za dvata)
I mn mi se slichni