Кажете ни кој хороскопски знак сте и ние ќе ви ја откриеме тајната за совршена линија

Кажете ни кој хороскопски знак сте и ние ќе ви ја откриеме тајната за совршена линија

Ако ви кажеме дека диетата не е патот до совршената линија, дали ќе ни поверувате? Ако не ни верувате нам, тогаш консултирајте ги ѕвездите! Тие влијаат на повеќе аспекти од нашиот живот, па така и во областа на здравјето и фитнесот. Пронајдете го вашиот знак и погледнете во што се крие тајната на совршената линија.

1-kazhete-ni-koj-horoskopski-znak-ste-i-nie-kje-vi-ja-otkrieme-tajnata-za-sovrshena-linija-www.kafepauza.mk_

Овен

По природа се нестрпливи, сакаат сѐ да направат во истиот момент, а истото важи и за храната. Болна точка на секој Овен е брзата храна богата со јаглехидрати. За почеток, треба да престанат само да ја голтаат храната и да се обидат да уживаат во неа. Како вистински зависник од јаглехидрати, треба да имаат на ум дека препорачаното дневно внесување на калории е до 2.200. Здравото слабеење подразбира одземање на 500 калории дневно.

Бик

Бикот ја сака храната во сите етапи, од избирањето на производите и подготовката, па сѐ до консумирањето. Е сега, тука има и една негативна страна, односно вишокот килограми. Тие треба да научат да бидат умерени. Наместо да изедат сѐ во еден ден, треба да направат неделен план, па така колачињата може да се остават за понеделник, питата со вишна за вторник, чоколадото за среда..

Близнаци

Во храната уживаат како и во животот, со полни гради. Сепак, уживањето во разновидноста може да ги чини и неколку килограми повеќе. Мора да консумираат храна од сите групи на производи. Најмногу им одговара лесна медитеранска исхрана, распоредена во текот на денот во повеќе оброци, од 300 до 400 калории.

2-kazhete-ni-koj-horoskopski-znak-ste-i-nie-kje-vi-ja-otkrieme-tajnata-za-sovrshena-linija-www.kafepauza.mk_

Рак

Без млечни производи, и тоа во поголема количина, Раковите не би можеле да си го замислат својот ден, па често и претеруваат со внесувањето масти. Треба да пијат повеќе вода, а можат и да се чувствуваат слободни да се засладат со некоја некалорична газирана напивка, така што воопшто нема да почувствуваат оптоварување при губењето на килограмите.

Лав

Како вистински претставник на мачките, на Лавовите месото им е неопходно за да функционираат нормално, но тие често ја губат контролата. Не ја сакаат ниту самата помисла на тоа дека треба да се откажат од нешто, па така го мразат и зборот „диета“. Тие се љубитело на храната која другите ќе им ја подготват, а тоа всушност може да биде добро, бидејќи некој друг на тој начин ќе ги контролира нивните порции.

Девица

Девиците се перфекционисти кои најчесто немаат проблеми со храната, но вистински ризик им се заканува тогаш кога во намера да се хранат здраво знаат да претераат со внесување на она што мислат дека не дебелее. Бидејќи не можат без леб, добро е да изберат интегрален и на тој начин да заштедат барем 200 калории дневно. И секако, мора да ги избегнуваат слатките. Потребниот шеќер може да биде внесен и преку природните овошја.

Продолжете на следната страница за преостанатите хороскопски знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар