Какви влијанија ќе имаат двете помрачувања месецов на хороскопските знаци?
Во јули имаме две помрачувања, прво – помрачување на сонцето, кое ќе се случи на 2 јули, додека второто е помрачување на месечината, на 16 јули. Во астрологијата, соларните помрачувања претставуваат нови почетоци, додека месечевите имаат симбол на кулминација и завршеток.
Полната месечина која е во знакот Јарец, ќе се помести во Земјината сенка, при што ќе се создаде делумно помрачување, кое ќе има најголемо влијание на Јарците. Овој настан ќе ве насочи кон разбирање за нештата што не ви се потребни во животот, и нивно ослободување. Каква моќ ќе има сончевото, а што носи месечевото помрачување на вашиот хороскопски знак, дознајте во продолжение.
Овен
Сакате да гледате кон иднината, но понекогаш треба да се завртите и зад вас, за да можете да направите чекор нанапред. И двете помрачувања сакаат да забавите и да се поврзете повторно со вашите корења. Иако звучи иронично, треба да се навратите на некогашните интереси и страсти, бидејќи ќе ви помогнат во кариерата и ќе ви покажат што навистина сакате да правите во животот.
Бик
Вашиот социјален живот е спремен за ресетирање. Оставете ги соништата за луксузни патувања кои не можете да си ги дозволите и фокусирајте се на тоа каде што сте моментално. Бидете благодарни на она што го имате. Домот кој сте го создале не го земајте здраво за готово.
Близнаци
Помрачувањата ви даваат енергија и среќа во полето на финансиите, така што месецот јули е одлично време за инвестиција во работата. Мудро изберете што ќе ви биде нов извор на заработка и заборавете ги финансиските интриги кои не одговараат со вашите високи стандарди. Едноставно кажано – напуштете ја работата што не ја сакате и започнете да се занимавате со онаа која ви носи задоволство.
Рак
Што гледате во огледало? Овој период е потребно е да си дадете одговор кој ќе ја потврди вашата индивидуалност и автономија. Променете ја фризурата, направете селфи, ослободете се од пријателствата и врските кои не ви носат добро и прават да се чувствувате лошо.
Лав
Време е за духовно патување. Доколку сте заинтересирани за Тарот и читање на карти кои ја предвидуваат иднина, време е да потрошите некој денар на ова, сепак ви се ближи роденденот. Престанете да се фокусирате на деталите од секојдневието и погледнете го вашиот живот од поширок агол.
Девица
Доста е познато колку време сакате да издвоите само за себе, но во овој момент постојат неколку луѓе кои сакаат подобро да ве запознаат. На светот му е потребна вашата мудрост. Оставете ги слушалките и почнете да се дружите и да зборувате со луѓе. Сигурно ќе запознаете добри пријатели.
Вага
Надградете го вашето резиме. Вашиот ум, сконцентриран на правда е доста инспиративен и ѕвездите сакаат таа енергија да ја насочите кон нови можности за кариери. Без разлика дали се работи за унапредување или за промена на работното место, време е да го искористите вашиот целосен потенцијал.
Скорпија
Премногу пливате во длабочината на вашите мисли. Помрачувањата сакаат да преземете ризик и да отпатувате далеку. Појдете на час по филозофија, резервирајте патување на место на кое не сте биле или преиспитајте ги вашите најголеми вредности. Јули е месец во кој треба да излезете од вашата удобна зона.
Стрелец
Дали се чувствувате вознемирено? Помрачувањата допираат до дното на вашата душа каде што има магични богатства, но и проблеми кои не можете да ги решите. Овој месец, прифатете помош, особено финансиска. Вашите пријатели и семејство се тука за вас.
Јарец
Време е малку да омекнете. Премногу напорно работите, па не би било лошо да забавите и да уживате во позначајните работи, а не само да размислувате за кариера. Изградете го социјалниот живот, а можеби во меѓувреме ќе ви се случи и некоја романса.
Водолија
Не ги заборавајте телото и душата, бидејќи време е да направите револуционерни промени. Морате понекогаш да се ставите себеси во прв план, пред да помогнете на некој друг. Избегнувајте лоши навики кои негативно влијаат врз вашето здравје, испробајте јога, медитација или појдете на фитнес. Дури е доволно да спиете подолго и да се одмарате повеќе.
Риби
Јули е вашиот месец за сјаење. Доколку имате уметнички талент, започнете креативен проект и не плашете се да се ставите во центарот на вниманието. Престанете да се криете под сенка и покажете го кралскиот сјај. Овој месец сите очи ќе бидат свртени кон вас – во добра смисла!
Автор: Ана Патриклиева