Какви убави работи носи ретроградниот Јупитер од 20 јуни?
Во астрологијата, ретроградната фаза најчесто претставува неуспех, пад, лоша комуникација, но понекогаш ѕвездите и планетите може да нè изненадат, бидејќи ретроградниот Јупитер може да биде симбол на среќа, успех, развој и изобилство.
Во периодот од 20 јуни до 18 октомври, важно е да се фокусирате на најважните работи во вашиот живот, односно на она што навистина може да ја промени вашата иднина.
Треба да го анализирате секој ваш чекор, а потоа и секоја ваша акција.
Ѕвездите ќе ви направат пат кон развој на бизнисот и кон новата љубов, па дури може да добиете и богатство за кое сте сонувале.
Ова е период на енергетско чистење – ќе имате можност да го препознаете проблемот, да го дешифрирате и да го решите.
Иако некои работи може да излезат од контрола, сега е време да ги покажете своите способности и да се приспособите на ситуацијата.
Бидете подготвени да се движите напред, кон успехот и среќата.
Прифатете ги промените што доаѓаат. Иако во моментот не изгледаат како добар редослед на настаните, на крајот ќе сфатите дека универзумот има подобри планови за вас отколку што мислевте.
Прочитајте на кои 3 хороскопски знаци ретроградниот Меркур ќе им го промени животот.