Какви промени ќе ни донесе Венера во Бик во следниот период?

Какви промени ќе ни донесе Венера во Бик во следниот период?

За разлика од претходниот период на Венера во Овен каде што Венера ги земаше работите во свои раце, сега работите доаѓаат кај нас. Не треба да работиме премногу за да дојдеме до нови можности со оглед на тоа дека тие ќе настапат сами по себе. Овој период ќе биде најдобар за претставниците на Бикот, Девицата, Јарецот, како и Ракот и Рибите.

Какви промени ќе ни донесе Венера во Бик во следниот период?

Од огнениот Овен, Венера премина во сензуалниот Бик. Таа е владетелка на Бикот и затоа за време на нејзиното владеење, луѓето родени во овој знак ќе покажат што знаат и умеат. Тоа значи дека во следниот период тие ќе бидат креативни и свесни за сопствените таленти и способности.

Освен тоа, Венера во Бик ќе влијае и врз меѓусебните односи и љубовта, но и финансиите. Со други зборови, може да очекуваме подобрување на финансиската состојба во следниот период. Венера во Бик е и „кралица на хедонизмот“, па затоа во овој период ќе уживаме со сите наши сетила.

Периодот ќе биде и полн со сензуалност, а нештата нема да се одвиваат нагло и избрзано, туку полека, со многу чувства.

Бојата на Бикот е смарагдно зелена, а смарагдот, малахитот и жадот се неговите кристали. Бидејќи Венера сака да се дотерува и да им се допаѓа на другите, ова ќе биде идеално време да купите еден од овие камења.

Меѓу другото, овие камења ќе ви помогнат да ги отворите чакрите на срцето и грлото, но и ќе ви донесат повеќе убавина, љубов, креативност, уметност, талент и финансиски средства.

Откако прочитавте што нè очекува под влијание на Венера во Бик, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува вистинска летна авантура.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар