Какви девојки сака неговиот хороскопски знак?

Какви девојки сака неговиот хороскопски знак?

Овенот сака женственост и интелигенција, на лавот задолжително треба да му ласкате, додека на вагите им е битен физичкиот изглед. Дали вашиот карактер ќе го уплаши или ќе го воодушеви? Дознајте од ѕвездите…

kakvi-devojki-saka-negoviot-horoskopski-znak-kafepauza.mk

Овен

Добро граден и секогаш опкружен со жени, овенот има силен инстинкт да биде во центарот на вниманието. Кај жените сака женственост и разиграност, но нема да ја прескокне ниту нивната интелигенција. Посебно цени кога жената знае да комуницира во машко друштво и кога не се плаши од нови контакти. Романтичен е и добар љубовник, во пракса е голем планер, па најлесно ќе му влезете под кожа доколку придонесете во плановите кои ги направил. Внимателен е, лесно доаѓа до пари, но заради екстраваганции, брзо и лесно и останува без нив.

Бик

Машките во овој знак се доследни на себе и тежнеат да бидат практични во различни животни ситуации. Многу се внимателни, но сакаат нивниот труд одвреме-навреме да биде забележан и почитуван. Тврдоглавоста и сомничавоста се нивни главни маани, а често знаат да покажат посесивност и љубомора. Иако тешко е да ги заведете, биковите кои се среќни во врската бескомпромисно ќе ја бранат честа и сигурноста на својата избраничка, па дури и би влегле во физички пресметки доколку е тоа потребно. Знаат да се облечат и имаат талент за финансии.

Близнаци

Интелигентен и комуникативен, овој маж во просек има повеќе предбрачни врски од сите останати знаци. Шармантен е и обожаван од страна на спротивниот пол, кој веднаш го забележува неговиот хумор и позитивните вибрации. Близнаците се сексапилни и заводливи, но брзо се заситуваат и сакаат промени. Нивните жени мораат постојано да смислуваат нови начини на забава и предизвици, што не е секогаш лесно. Отворени се за туѓи мислења, но често премногу филозофираат за своите, што на крајот остава впечаток дека се неодлучни.

Рак

Овој знак во потполност е посветен на семејниот живот. Мажот во овој знак е емотивен и предан на својата партнерка. Има силна поврзаност со својата мајка, а долгите патувања неизбежно го прават носталгичен за домот. Често менува расположение и многу е внимателен со парите. Слично се однесува и кога одбира жена. Потребно ќе биде некое време да ви се отвори. Иако е чувствителен, подготвено трага по убавина во сѐ околу себе. Припадниците на овој знак сакаат добра облека, а често стануваат добри готвачи и писатели.

Лав

Харизматичен и желен за внимание, лавот има огромна верба во своите способности. Оптимистичен е и независен, лесно доаѓа во центарот на женското внимание и знае дека таму останува. Одговорен е кон своите обврски, но знае да се однесува лошо кон подредените. Неизмерно е тврдоглав, тешко прифаќа пораз и неуспех и тоа лесно го деморализира. Партнерката мора да ја разбира неговата страст за успех во животот и секогаш треба да биде подготвена за ласкање и охрабрување. Најлошото што можете да направите кон лавот е да го игнорирате или недоволно да ги одбележувате неговите достигнувања.

Девица

Практични и логични, машките девици често имаат кариера во областа на науката и медицината. Секогаш се приземни, водат грижа за својата хигиена и го забележуваат истото кај својата партнерка. Не се премногу отворени за покажување емоции, што пак не значи дека ги немаат. Среќни се кога жените покажуваат почит кон нивниот интелект. Главна маана им е недостатокот на самодоверба и од партнерката очекуваат таа да ја докажува својата приврзаност. Но исто така, од нивната рационалност произлегува внимателност и трпение.

Вага

Атлетски градени и со добри комуникациски вештини, машките ваги се од многу аспекти одлични љубовни партнери. Имаат смисла за хумор, талентирани се за шармирање, а нивната енергичност никогаш нема да помине незабележано. Една од нивните најдобри особини е способноста лесно да се издигнат од пепелта и храбро да се борат дури и кога сѐ изгледа безизлезно. Од друга страна, знаат да бидат површни, расипани и опседнати сами со себе. Кај жените прво бараат физичка убавина, а дури потоа доблести.

Скорпија

Без разлика на физичкиот изглед, машките во овој знак лесно заведуваат жени. Имаат силна волја за позиција и контрола, а нивната таинствена природа никого нема да остави рамнодушен. Парите, возбудата и статусот лесно ги мотивираат, но можат да бидат и екстремни во придржувањето до своите морални вредности. Тоа ја вклучува и верноста кон партнерката која им се допаѓа. Гласините за нивните нездрави сексуални апетити се претерани. Овие момци едноставно уживаат во кревет, заедно со својата партнерка.

Стрелец

Машкиот стрелец блика со оптимизам и весел дух, па секогаш ја гледа убавата страна на работите. Подеднакво е успешен во кариерата како и во љубовните врски. Како вечно дете, не внимава многу на својот изглед, а нема да ѝ занемари ни на партнерката ако и таа е таква. Скоро нема ни трошка љубомора или посесивност во себе, и повеќе од сѐ цени кога има слобода и доверба. Тоа му е воедно и маана. Знае да биде наивен, па премногу да очекува од другите. Со искреноста често ги навредува соговорниците.

Јарец

Тој е мајстор кога е во прашање кариерата. Јарецот е интелигентен, успешен и истраен во своите планови. Вешт е во заработката на пари и остварувањето контакти. По природа е лидер, кој лесно ги придобива другите за свои цели. Иако е многу емотивен, тешко ги изразува своите чувства. Јарецот ќе ја заобиколи секоја жена која ја дели неговата амбиција, плашејќи се дека тоа ќе ја загрози неговата господарска позиција. Зависни се од контрола, поради што многу внимаваат на изгледот и на своето однесување во друштво.

Водолија

Припадниците на овој знак се стабилни и снажни со нагласена промисленост и желба за придонесување во друштвото. Секогаш се подготвени за сочувство, но затворени се кога се во прашање нивните сопствени емоции. Машките водолии се тешко разбирливи за публиката од спротивниот пол. Заради тоа често знаат да завршат со стари искусни жени кои имаат разбирање за нивното често мечтаење и склоноста кон тишина. Доколку живеат во околина без притисоци, ќе знаат да ја возвратат љубовта.

Риби

Најсилната карактеристика на овие машки е нивната вродена интуитивност, па можете да очекувате дека ќе ве разберат дури и кога сите останати знаци во зодијакот ќе ја свртат главата. Чувствителни се и бараат личност со која ќе можат да им се спротивстават на сите неволји во животот. По малку се заљубени во себе и очекуваат жената да го направи првиот чекор при додворувањето. Привлечни се, но и верни. Но, внимавајте на нивната склоност за лажење и лицемерство. Поседуваат силна доза автодеструктивност, па водете сметка за нивната самодоверба.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар