Каква мајка ќе бидете според вашиот хороскопски знак?

Каква мајка ќе бидете според вашиот хороскопски знак?

Која е тајната на успешното и доброто мајчинство полно со љубов, разбирање, почит и единство? Дали тој мајчински инстинкт е навистина вроден или пак се учи и стекнува како што девојчињата растат и се развиваат? Како и во повеќето ситуации така и овде астрологија ги крие одговорите и вели дека тајната се крие во карактерите на секој поединечен хороскопски знак. Во продолжение прочитајте за што станува збор.

Каква мајка ќе бидете според вашиот хороскопски знак?

Овен – Рис Витерспун

Силни и одлучни, вие секогаш ќе сакате да го заштитите своето дете. Огнените знаци се енергични и независни лидери и воини кои не се откажуваат толку лесно. Мајките родени во знакот на Овен никогаш нема да престанат да се борат за себе и своите најмили, што е и одлична лекција за нивните деца.

Бик – Џесика Алба

Биковите се тврдоглави, храбри, истрајни и секогаш се стремат кон подоброто. Земете ја за пример Џесика Алба која го живее својот живот во „полна пареа“ и го расчистува патот на успехот и за своите деца.

Близнаци – Аланис Морисет

Од една страна смирени и приземни, од друга страна информирани и желни за знаење, Близнаците живеат под водство на планетата на информациите и комуникацијата – Меркур. Мајките Близнаци често најпрвин ја проверуваат патеката по која чекорат, пред да ги пуштат и своите деца на неа.

Рак – Лив Тајлер

Мајките Ракови се мајки на целиот хороскоп. Тие се грижливи за светот околу нив и ќе направат сѐ што е потребно за да обезбедат топол и безбеден дом за своите деца. Имаат нежна и сензитивна природа и се полни со љубов.

Лав – Џенифер Лопез

Лавовите се забавни, интересни, големи и секогаш се главни. Тие навистина знаат како да направат добра забава. Дарежливи, љубезни и секогаш насмеани, мајките Лавови се големи авантуристи кои понекогаш можат да бидат и по малку егоцентрични. Но, нивните деца се секогаш тука да им помогнат повторно да го пронајдат својот глас и идентитет, како што е случајот и со Џенифер Лопез.

Девица – Никол Ричи

Мајките Девици се кралици на рамнотежата, редот, распоредот и организацијата. Понекогаш знаат да бидат малку строги кон себе и да се задржуваат и на најситните детали, но затоа нивните деца ќе бидат секогаш добро воспитани, културни и љубезни.

Вага – Кејт Винслет

Вагите не сакаат да се задржуваат на неважни работи и своите деца ќе ги учат на морал, правда и дисциплина. Тие нередот ќе го претворат во уметност и ќе се погрижат нивните деца да патуваат што е можно повеќе. Ќе забележите дека Кејт Винслет ги држи својата кариера и својот приватен живот одвоени и добро балансирани.

Скорпија – Хилари Клинтон

Скорпиите сакаат нивниот дом да биде едно безбедно место во чија топлина и љубов ќе ужива целото семејство. Тие се бестрашни и заштитнички настроени кон своите деца и смело владеат со секоја ситуација со една јасна, сингуларна визија.

Стрелец – Тајра Бенкс

Мајките Стрелци се сметаат за најзабавните во целиот хороскоп. Имаат добра смисла за хумор, забава и авантура. Нивниот најголем предизвик е да бидат строг родител кој сака ги дисциплинира своите деца, додека истовремено и се забавува со нив. Таков е случајот со Тајра, која неодамна стана мајка и се обидува да им покаже на своите деца дека и таа умее да биде строга, иако повеќе сака да си игра и да се смее со нив.

Јарец – Кристи Турлингтон Бурнс

Јарците се цврсти, фокусирани, вредни, работливи и фамилијарни личности. Мајките Јарци сакаат нивните деца да бидат успешни и ќе се обидат на секој можен начин да им го исчистат патот до врвот на планината.

Водолија – Шерил Кроу

Мајките Ваги не сакаат да бидат типични и не следат никакви конвенции и правила. Тие се оригинални и уникатни и може да им биде удобно и како рок ѕвезди и како библиотекари. Ќе ги научат своите деца на сите вредности и како да бидат добри граѓани во светот.

Риба – Синди Крафорд

Рибите имаат големо срце и ќе им ја дадат целата своја љубов на своите деца. Тие се сочувствителни и грижливи и понекогаш знаат да бидат многу заштитнички настроени мајки. Тие ги обожаваат своите деца и ќе ги одгледаат во експресивни, интелигентни уметници кои ќе го ценат животот. Синди Крафорд вели дека најголемиот предизвик за неа е да ги казнува децата и да ги претвора нивните фантазии во реалност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар