Каков впечаток оставате на првиот состанок според вашиот хороскопски знак?
Кога внимателно ќе ги разгледате особините на вашиот хороскопски знак, може да ви се разјасни каков прв впечаток оставате. Дали сте забавни или незаинтересирани? Што мисли потенцијалниот партнер за вас на крајот од состанокот? Иако за вас најважно е дали вам ви се допаднала другата личност, добро е да знаете како и вие изгледате во нејзините очи.
Овен
Ако има знак кој е најуспешен на првите состаноци, тоа е Овенот. Овните живеат за предизвици и нови искуства, а првиот состанок спаѓа во двете категории. Вие изгледате полни со самодоверба и ентузијазам. Очигледно е дека се забавувате и дека ви е удобно во вашата кожа.
Бик
Иако Биковите се во најдобро светло во нивната удобна зона, добрите вести се што не им е потребно многу за странецот да стане личност што ја сакаат. Поради ова, срамежливиот Бик станува шармантен дури и на првиот состанок.
Близнаци
Ако познавате некој што е Близнаци во хороскоп, сигурно ги знаете сите слоеви на неговиот карактер. Но на првиот состанок Близнаците знаат како да го покажат најдоброто од себе. Тие се навистина итри и одлични соговорници. Секој што бил на состанок со нив си заминал шармиран и импресиониран.
Рак
Раковите често се грижат дека не се доволно добри на првиот состанок, но ова не е вистина. Нивната грижа е дека се премногу тивки и повлечени. Се разбира, малку се срамежливи на првиот состанок, но се одлични слушатели и знаат како да направат соговорникот да се чувствува удобно, дури и на првиот состанок.
Лав
За разлика од другите знаци, на Лавот не му е многу грижа како ќе изгледа на првиот состанок. Тој знае дека е неверојатен, а оваа самодоверба изгледа одлично на првиот состанок. Лавовите се храбри, но треба да внимаваат да не изгледаат како егоисти.
Девица
За срамежливите Девици, првиот состанок е најлошиот. Премногу сте строги кон себе. Потребно е да се опуштите и да сфатите дека сте одлични. Дозволете ѝ на љубопитноста да ве води и потенцијалниот партнер ќе ве гледа како приземјени и интелигентни.
Вага
Вагите се одлични на првите состаноци. За нив состаноците се можност да се социјализираат, да бидат шармантни и харизматични. Сите овие карактеристики оставаат позитивен впечаток кај секој што излегол со вас.
Скорпија
Скорпиите по правило е навистина тешко да ги прочитате, сè додека не се подготвени да дознаете што навистина сакаат. Ова е особено вистина на првиот состанок. Ако Скорпиите се заинтересирани, ќе го направат првиот чекор, но ако не се ќе се повлечат и ќе бидат мистериозни. Ова ги прави неодоливи и незаборавни на првите состаноци.
Стрелец
Стрелците се одлични на првите состаноци. Сепак, најчесто првите состаноци се и единствените бидејќи брзо губите интерес. Стрелците се со слободен дух кои само бараат добро поминато време. На првиот состанок се забавни и со отворен ум, а бидејќи сите го сакаат она што не можат да го имаат, Стрелците се навистина неодоливи.
Јарец
Како Девиците, и Јарците не се чувствуваат најудобно на првиот состанок, освен ако не го гледаат како натпревар. Најчесто се повлечени и не се чувствуваат многу поврзано на состанокот. Сепак овие знаци имаат природа која ги привлекува интелигентните луѓе.
Водолија
Водолиите не одат на многу први состаноци. Тие се независни, па баш и не бараат партнер. Ова може да направи да изгледаат отсутно кога сепак ќе отидат на состанок. Но, Водолиите се уникатни, па навистина се незаборавни.
Риби
Рибите се родени романтичари, па сакаат да се покажат во добро светло на првиот состанок. Иако нивната искреност е шармантна, може да направи да се срамат. Голема е веројатноста и да задоцнат на состанокот, но секогаш оставаат впечаток на добра и отворена личност.
Прочитајте и како изгледа идеалниот состанок за секој хороскопски знак.