Претходно
Каков партнер посакува секој хороскопски знак?
Секој хороскопски знак посакува различен партнер и очекува од него тој да има одредени квалитети. Еве какви партнери бара секој хороскопски знак и кои особини задолжително мора да ги поседува.
На Овенот му е потребен партнер:
- кој му дозволува тој да води
- кој има потреба за возбудувања и авантури
- кој ужива да се забавува и кој сака физички активности
На Бикот му е потребен партнер:
- кој умее да ја цени финансиската сигурност како и тој
- кој е страстен
- кој е романтичен и сензуален
На Близнакот му е потребен партнер:
- кој цени интересни разговори
- кој е многу друштвен
- кој е разигран, спонтан и флексибилен
На Ракот му е потребен партнер:
- кој е внимателен и грижлив
- кој ќе направи да се чувствува сигурно и кој го разбира
- кој ја цени фамилијата
На Лавот му е потребен партнер:
- кој вистински ќе го обожава
- кој е разигран и весел
- кој ќе му биде најдобар пријател
На Девицата ѝ треба партнер:
- кој може да ѝ помогне подобро да си го организира животот
- кој ќе ѝ помогне да не биде престрога кон себе
- кој ќе ѝ влева надеж во животот
На Вагата ѝ е потребен партнер:
- кој умее да се носи со нејзиното променливо расположение
- кој е динамичен и секогаш спремен за акција
- кој ја става врската на прво место
На Скорпијата ѝ е потребен партнер:
- кој е сигурен и на кој може да се потпре
- кој има силен сексуален нагон
- кои ќе ѝ помогне своите емоции да ги држи под контрола
На Стрелецот му е потребен партнер:
- кој има широки погледи и кој е флексибилен
- кој има слободен дух и кој е спонтан
- кој има желба постојано да учи нешто ново
На Јарецот му е потребен партнер:
- кој е внимателен и грижлив
- кој ќе му помага да биде оптимистичен и да гледа на светлата страна на животот
- кој ќе може да му обезбеди удобен семеен живот
На Водолијата ѝ е потребен партнер:
- кој нема да се труди да ја контролира и да ја промени
- кој ја сака нејзината единствена индивидуалност
- кој во нејзиниот живот ќе носи страст и топлина
На Рибите им е потребен партнер:
- кој е практичен и кој ќе им помогне самите подобро да се запознаат
- кој ја цени нивната грижлива и чувствителна природа
- кој е вреден работник и кој не обраќа внимание на тривијалните работи во секојдневниот живот