Астрологијата открива како треба да се чувствувате покрај господинот Вистински
Вистинската личност треба да има особини заради кои вие ќе се чувствувате добро, кој ќе прави да бидете задоволни со себе, да биде оној покрај кого ќе бидете она што сте, оној со кого ќе ги споделувате најважните работи во вашиот живот. Хороскопот го одредува тоа според вашиот знак.
Овен
Потребен ви е некој што има ист глад за животот како вас. Некој што ќе сака да го истражувате светот заедно, што постојано сака да учи и да сознава нешто ново заедно со вас. Некој што ќе остане со вас и ќе биде со вас кога ќе се одлучите да тргнете по патот по кој поретко се чекори.
Бик
Кога ќе пронајдете некој што ќе ви пружи топлина и ќе ве прегрне со таква нежност со која покрај него ќе се чувствувате како конечно да сте пристигнале дома, тогаш тој е Вистинскиот. Некој покрај кого ќе се чувствувате сигурни, на кого ќе можете да сметате и кој никогаш нема да ве зема здраво за готово.
Близнаци
Потребен ви е некој што целосно ќе ве разбира и ќе ве сака токму онакви какви што сте и заради што сте станале токму такви. Некој покрај кого не треба да глумите и да ги криете вашите слабости и недостатоци, покрај кого ви е пријатно во сопствената кожа, бидејќи можете да бидете она што се, што и да сте, и кој заради тоа нема да се вознемирува, туку ќе го прифаќа како нешто прекрасно и занимливо.
Рак
Вам ви е потребен некој што ќе се грижи за вас, што без грешка ќе ги толкува вашите расположенија, изрази на лицето и погледи, некој што ве познава како самиот себе, кој ве разбира и прифаќа сѐ во врска со вас, кој ја цени романтиката, нежноста и посветеноста во врската исто толку колку и вие. Некого кому му е потребно да биде потребен и кој со задоволство дава сѐ од себе.
Лав
За вас Вистинскиот е оној што ќе се вклучи на иста фреквенција на која сте вие и која константно ќе остане вклучена. Некој што исто така е љубопитен во поглед на светот како што сте вие, некој кој ќе го цени времето кое го поминува со вас иако е доста тешко да одвои време од она што е потребно за градење кариера и достигнување цели. Некој што ќе ги разбере вашите амбиции и кој нема да ве попречува, бидејќи и самиот има исти вредности и цели како вас.
Девица
Потребен ви е оној покрај кого помалку ќе се плашите за љубовта и предавањето. Некој кој отворено и искрено ги изразува своите чувства, некој на кого не му е тешко да се обврзе и на кого не му е тешко во секој момент да признае дека сте му важни, некој што ќе ви даде поддршка и покрај кого ќе се чувствувате помалку осамено и изгубено во хаотичниот надворешен свет.
Вага
Потребен ви е некој покрај кого уште посилно ќе сјаете и ќе блескате. Некој на кого нема да му биде непријатно заради тоа колку луѓе ве сакаат и сакаат да бидат во ваша близина, на кого не му пречи да ја гледате вашата работа и да уживате во исполнетоста на вашиот живот. Некој што знае дека ви е потребно разбирање и потпора, иако вие сте толку сјајни и сами на себе доволни. Кој знае да ве фати за рака и да ве поведе онаму каде што сакате да отидете, а да не мора ништо да ве праша.
Скорпија
Добро ќе се чувствувате покрај некој што ви нуди предизвик и на кого бескрајно му верувате, бидејќи ве познава, ве разбира, ве сака и ве прифаќа. Некој што ќе биде свесен за вашата вредност, знае кои сте и колку можете и кој безрезервно ќе ве поддржува во сѐ. Кога некој таков ќе ви предложи да направите нешто за себе, нема да има отпор, туку ќе пронајдете начин како да го направите тоа.
Стрелец
Потребен ви е некој што е истрајно позитивен и полн со животна радост, што постојано пронаоѓа убавина и магија во малите нешта, што не се плаши да биде целосно искрено со вас, некој што се раководи во животот според здравиот разум и логиката, а притоа не го губи чувството за чудесност и возбуда.
Јарец
Потребен ви е некој покрај кого ќе можете да ја исполните вашата забавна и опуштена страна, бидејќи во него ќе имате доволно доверба за да се опуштите. Некој што е исто толку активен и амбициозен како вас, што никогаш нема да бара од вас да бидете она што не сте, но кој, исто така, постојано ќе ве потсетува дека е во ред да ја гледате поведрата страна на животот и да пронаоѓате хумор и радост во малите нешта.
Водолија
Вам ви е потребен некој пред кого ќе се чувствувате независно, но и покрај кого ќе чувствувате припадност – истовремено. Некој покрај кого ќе се чувствувате поврзано со своето внатрешно битие, некој што разговара со вас така што ќе чувствувате дека имате повеќе разбирање од кога било, некој што ќе се однесува како ваш партнер, пријател и тимски играч, без обиди да ве окупира и да ви го одземе вашиот идентитет.
Риби
Потребен ви е некој што постојано ќе ве изненадува, така што ќе ве предизвика да го извлечете од себе она за кое не сте знаеле дека го имате, што ќе ве запознае со новите страни од вашата личност, некој покрај кого сте сигурни дека секогаш сте му на првото место, покрај кого ќе чувствувате реална и длабока припадност.
А, кога веќе сме кај хороскопот и неговото влијание врз нашиот љубовен живот, тогаш погледнете кои парови од зодијакот имаат подлабока врска од сите други.