Како Стрелецот може да стане подобар партнер во врската?

Како Стрелецот може да стане подобар партнер во врската?

Стрелецот е знак кој сака авантури, постојано е во потрага по нови возбуди и бара од партнерот да биде негов верен придружник во таквиот начин на живот. Кои се предностите и недостатоците на Стрелците во врските и љубовта прочитајте во овој текст.

Како Стрелецот може да стане подобар партнер во врската?

Треба да престанете да мислите дека ако се посветите на врската ќе ја изгубите вашата слобода и авантуризам. И додека сте во врска може да го истражувате светот и да барате нови знаења и искуства. Да се ​​биде во врска не значи да се биде врзан со некого на едно место. Длабоко во себе копнеете по личност со која заеднички ќе истражувате и доживувате нови искуства. Не плашете се да го направите следниот чекор. Откако ќе го сторите тоа, внимавајте да не се посветите целосно само на врската, бидејќи имате навика да бидете такви на почетокот. Продолжете со животот што сте го имале и пред да го сретнете партнерот, или брзо ќе изгубите интерес за него.

Важно е да бидете искрени и да разговарате со саканиот кога не можете да ја задоволите вашата желба за талкање. Двајцата може да создадете листа на работи што сакате да ги направите заедно. Поставувањето на овие авантуристички цели не само што ќе ја задоволи вашата немирна душа, туку и ќе ве доближи до партнерот. Сепак, треба да запомните дека врските имаат и свои рутини, мали секојдневности и стабилност. Не можете да очекувате дека вашиот партнер постојано ќе биде „спремен ко пушка“ да ги испроба сите работи што сакате да ги направите. Мора да научите да правите и компромиси. Иако партнерот е подготвен да се прилагоди, па дури и да биде наклонет кон вашиот животен стил, важно е и вие да научите да му ја пружате стабилноста по која тој копнее.

Приземјете се и научете како да се фокусирате на вашиот партнер. Дајте му приоритет нему, наместо на брзите возбуди и не правете тој да се чувствува несигурно поради вашата постојана потреба од адреналин. Понекогаш овие адреналински дози, од кои сте толку зависни, може да ве наведат да флертувате со друг, па затоа преиспитајте се до кое ниво е стигната вашата врска.

Чувствувате потреба да избегате и да „заскитате“ кога повеќе не ја чувствувате почетната искра што претходно сте ја чувствувале. Не брзајте да ја раскинете врската или да одите против вашиот интегритет и да изневерите. Врските не се забавни или возбудливи постојано. Тие почетни чувства на страст, свежина и возбуда избледуваат со текот на времето, но на нивно место доаѓаат поважни нешта како интимноста и љубовта. Разговарајте со партнерот за тоа како се чувствувате и изнајдете начин како да го „зачините“ вашиот љубовен живот.

Треба да научите да бидете поосетливи. Вие дозволувате вашата логика секогаш да ги надвладува емоциите и немате трпение за чувствата на партнерот. Тој не се обидува емотивно да ве манипулира кога ќе ги изрази своите емоции. Треба да престанете да го претпоставувате тоа. Бидете поотворени да го сослушате и неговото мислење. Вашиот сакан, исто така, има потреба да биде слушнат и разбран. Исто така, треба да научите да бидете емоционално поекспресивни, затоа работете на тоа да не бидете толку емотивно оддалечени.

Бидете потрпеливи кон партнерот и немојте да бидете толку нетолерантни кога тој размислува поинаку од вас. Обидете се да го сфатите и да не бидете арогантни.

Бидете тактични со вашиот критицизам. Вие сте искрени, но треба да научите како да не го кажувате секогаш првото нешто што ќе ви падне на памет. Понекогаш е најдобро прво да ги промислите своите ставови.

Вие сте личност која сака повеќе да дејствува отколку да зборува, но не заборавајте понекогаш да го пофалите вашиот партнер. Таквиот вид комуникација ќе ја зацврсти вашата врска.

Можеби сакате да прочитате и за 20-те животни принципи според кои се води секој Стрелец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар