Како секој хороскопски знак ќе ги преживее празниците?
Да, празниците само што почнаа, а ние веќе размислуваме како ќе ги преживееме! Но, треба да се подготвиме навреме, зар не? Еве како вашиот хороскопски знак ќе се избори со празничната еуфорија…
Овен
Вие Овните имате краток фитиљ и затоа е многу важно да се контролирате. Знаете веќе, сите се „луди“ во текот на празниците, па немојте да им земете за зло. Имајте трпение. А кога станува збор за вашите планови, знаеме дека сакате да направите сè сега и веднаш, но во сета таа еуфорија нема да можете да исполнете баш сè што сте замислиле. Но, немојте да се нервирате поради тоа, бидејќи сè ќе се среди во свое време. Вдишете длабоко, избројте до 10 и празниците ќе поминат. А потоа, сè ќе биде како порано.
Бик
Вие не сте нешто претерано воодушевени со фактот дека се празници, бидејќи на некој начин ве нервира целата таа гужва и претерана еуфорија. Но, знаете ли како најлесно ќе го преживеете хаосот околу вас? Така што убаво ќе се најадете! Потоа, нема да ви биде грижа за ништо. Само, немојте да претерате, бидејќи подоцна можете да се жалите дека сте се здебелиле.
Близнаци
Совет за Близнаците кои сакаат убаво и мирно да ги поминат празниците е да водат сметка со кого ќе бидат. Доколку сте опкружени со оние кои ги сакате и вистинските пријатели секој ден ќе ви биде исполнет и среќен, а и вие ќе се сложите, дека празниците такви треба и да бидат. Уживајте максимално во топлата семејна атмосфера!
Рак
Празниците секогаш во вас будат некоја носталгија и нежни чувства. Ќе сакате да им угодите на сите и ќе се грижите околу секоја ситница, па тоа може лошо да влијае на вас. Едноставно, во еден момент сè ќе ви се насобере. Но, за да не „пукнете“ и да се расплачете пред сите, одвојте малку време за себе и уживајте сами со себе во празничната магија.
Лав
Лавовите сакаат целото внимание да биде насочено кон нив, но за жал, тоа нема да биде возможно во текот на празниците. Да, ќе ги чекате вашите поклони на кои неизмерно им се радувате, но луѓето сигурно нема толку многу да ве забележуваат. Тоа може лошо да влијае на вашето его, но недостатокот на внимание кое обично го добивате немојте да го земате за зло. Штом елката ќе се тргне, вие повторно ќе бидете главната ѕвезда.
Девица
Девиците ќе посакаат сè да држат под контрола. Нивната празнична забава мора да биде совршена и тешко ќе дозволат некој друг да направи нешто наместо нив, бидејќи тој или таа секако нема да го направат тоа толку добро како вие, драги Девици. Но, доколку не сакате целосно да полудите до крајот на празниците, тогаш навалете се во вашата фотелја и дозволете им на луѓето да прават што сакаат. Ништо лошо нема да се случи поради тоа што не е сè испланирано и организирано до детаљ. Такви се празниците, сите и онака ќе се напијат.
Вага
Доколку сакаат сè да биде во најдобар ред во текот на празниците, Вагите мораат да се чуваат од своите чувства. Доколку некој ве нервира, ако нешто ви смета – кажете. Секако, внимавајте на вашиот тон, бидејќи вие и тоа како можете да звучите опасно, луто и злонамерно, а сигурно не сакате на крајот сите, па и на самите себе, да си го уништите одморот. Затоа, бидете искрени, но имајте мера.
Скорпија
На Скорпиите им е доста тешко да се отворат и да им веруваат на луѓето, но токму тоа е она што им е потребно во текот на празниците, но и во текот на целата оваа година. Затоа, изразете ги вашите чувства, препуштете им се на емоциите, уживајте и не плашете се. Како ќе знаете дека вашите чувства се возвратени доколку не ги искажете?
Стрелец
Стрелците секогаш се на „сите страни“. Тие не може да се фокусираат, „летаат“, „се губат“, тешко е да се сфати што сакаат, и го планираат нивниот следен чекор уште пред да го направат првиот. Вие веќе почнавте да размислувате за следните празници, а овие уште не поминале. Совет – бидете присутни! Уживајте во сегашниот момент, уживајте во она што е сега околу вас и пред вас. Немојте ништо да пропуштате!
Јарец
Баш како и Девиците, и вие сакате да држите сè под контрола. Но, немојте! Опуштете се, шегувајте се, забавувајте се и немојте да бидете толку песимистични. Искористете го максимално вашето слободно време и немојте подоцна да жалите зошто празниците ви поминале без врска.
Водолија
Водолии, вие сте така мудри, паметни, сериозни, пргави и мислите дека секогаш знаете сè најдобро и дека сè се врти околу вас. Но, опуштете се малку, забавувајте се, уживајте во празничната еуфорија. Верувајте ни, ќе имате забава за паметење!
Риби
Вашите празници ќе бидат убави и возбудливи само ако вие го сакате тоа. Ако сакате да се „досадувате“, тогаш и така ќе биде. Но, немојте! Можеби 2016-та година била тешка за вас, но 2017-та нема да биде таква, верувајте! Заборавете го сето лошо и добро забавувајте се, за ведри и насмеани да влезете во Новата година.