Како секој хороскопски знак би реагирал на веста дека доаѓа крајот на светот?

Како секој хороскопски знак би реагирал на веста дека доаѓа крајот на светот?

Што мислите, како вие би реагирале доколку дознаете дека утре светот ќе престане да постои? Не сте сигурни? Пронајдете го вашиот хороскопски знак и дознајте како ќе се справувате доколку навистина настане апокалипса…

Како секој хороскопски знак би реагирал на веста дека доаѓа крајот на светот?

Овен

„Акција, акција луѓе. И онака е готово!“ – ќе велат припадниците на овој знак за веста дека доаѓа крајот на светот. Тие би сакале да се борат, но доколку сфатат дека не можат буквално ништо да направат, одлучуваат последните моменти на Земјата да ги поминат во жежок секс. Големи се шансите дека ќе го повикаат најдобриот љубовник во нивниот живот, бидејќи нема да имаат многу време, а ќе сакаат тоа да биде вредно за помнење.

Бик

Прво ќе бидат шокирани, а потоа ќе престанат да паничат и ќе почнат да ја анализираат ситуацијата со цел да сфатат како можат да се извлечат. Па, додека сите околу нив полудуваат, тие ќе бидат со оние личности кои најмногу ги сакаат, ќе го отворат она шише кое со години го чуваат и ќе ја искористат оваа шанса да ја резервираат најлуксузната соба во најскапиот хотел со базен каде ќе ја поминат својата последна ноќ без потоа да мора да платат.

Близнаци

Благодарение на своите бројни познанства и врски, Близнаците ќе ги дознаат новостите пред сите останати. Тие се луѓе од акција, па токму затоа и ќе направат сè за да преживеат. Тоа подразбира и пакување куфери и одење во оној дел од планетата каде што знаат дека ќе биде најсигурно. Сите други знаци сигурно ќе бараат совети од нив.

Рак

Бидејќи знаат дека крајот се ближи, припадниците на овој знак нема да одат во организираните засолништа или да бегаат со цел да се спасат. Тие едноставно ќе го претворат својот дом во тврдина, ќе ја повикаат својата фамилија и таму ќе уживаат во обилна храна и пијалаци. Тие нема да го напуштат својот дом без разлика на опасноста која им се заканува.

Лав

Исто како и Овенот, Лавот лесно може да се одлучи да ги помине своите последни саати во страст, но тоа само по себе не им е доволно. Тие сигурно ќе организираат и забава за опростување која ќе биде како најдобрата прослава за Нова година на која некогаш сте биле, вклучувајќи и одбројување, шампањ и танцување.

Девица

„Кажавте апокалипса? Па, да, претпоставував дека тоа ќе се случи!“ – ќе ви кажат Девиците кога ќе ја чујат веста за крајот на светот. Исто така имајте на ум дека тие веќе имаат подготвен бункер за овој настан, со залихи од кислород, вода, дехидрирана храна… Но, само мал број луѓе ќе добијат покана за да се спасат покрај нив.

Вага

Припадниците на овој знак ќе помислат дека апокалипсата им се заканува во најлошото време за нив – баш кога тие имаат важен состанок, проекти кои мора да ги завршат… Не е важно за што станува збор, бидејќи тие и онака не подлегнуваат на масовната хистерија и длабоко во себе не ни веруваат дека тоа ќе се случи. Има големи шанси да се фокусираат целосно на она што требале да го направат, што дури откако ќе помине крајот на светот ќе сфатат што всушност се случило.

Скорпија

Поплави, земјотреси, метеори, пожари, атомски бомби… Нема што Скорпиите не би можеле да преживеат. Има големи шанси дека тие ќе бидат последните суштества на планетата Земја, заедно со бубашвабите. Тие едноставно ќе се вооружат до заби, ќе изработат детален воен план и одлучно ќе се спротивстават на сè што ќе им застане на патот, додека кај другите ќе влеваат сигурност.

Стрелец

Борци до крај, ова е најкраткиот начин на кој можат да се објаснат припадниците на овој знак кога станува збор за крајот на светот. Тие ќе се грижат за сите во нивната околина, ќе преземат водство, ќе донесат важни одлуки и ќе се справуваат со сите препреки. Луѓето радо ќе се собираат околу нив бидејќи тие се способни и зрачат со самодоверба, па токму затоа и добро е да ги имате покрај себе.

Јарец

Доколку сакате да бидете сигурни дека ќе ја преживеете апокалипсата, едноставно следете го Јарецот бидејќи тој има детално изработен план. Додека Скорпиите преживуваат на Земјата, Јарците веќе ќе бидат некаде далеку во вселената, бидејќи постојат најголеми шанси тие да имаат доволно средства и познанства со кои ќе можат да си го дозволат овој пат до некоја друга планета.

Водолија

„Велите доаѓа крај на светот? Епа тогаш треба да ја искористиме шансата и да направиме вечер вредна за помнење!“ – би ви рекле Водолиите. Тие веднаш ќе ве повикаат на забава која е исполнета со многу секс, дрога, алкохол и одлична музика. Следното утро ќе се разбудите толку мамурни што нема да знаете дали веста за апокалипсата била сон или вистина.

Риби

Припадниците на овој знак ќе ги тешат сите околу себе и ќе им велат дека нема шанси ова да е само крај. Едноставно мора да постои некоја цел и поголем план. Тие ќе останат оптимисти до крај и ќе го насочат целиот фокус кон другите. Рибите ќе се опколат со своите најблиски и ќе се смеат на теориите за апокалипсата, но и ќе бидат во право – бидејќи крајот на светот едноставно нема да се случи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар