Како се справуваат хороскопските знаци со болката?
Секоја личност различно ја поднесува болката, а астрологијата открива како се однесуваат хороскопските знаци кога ќе изгубат некоја блиска личност или ќе се разделат со партнерот.
Овен
Овните се лутат и им викаат на сите околу нив, дури и ако не сториле ништо лошо.
Бик
Биковите ги бараат своите најблиски. Потребни им се прегратки и милувања и уверување дека сè ќе биде во ред.
Близнаци
Близнаците се повлекуваат од луѓето кои ги сакаат најмногу затоа што сакаат да бидат целосно изолирани.
Рак
Раковите наоѓаат причини да се обвинат себеси за сè што не е во ред. Тие чувствуваат огромна вина.
Лав
Лавовите си даваат дозвола да плачат. Тие ги ослободуваат сите свои емоции.
Девица
Девиците се обидуваат да рационализираат што се случило. Тие се обидуваат најдат логична смисла затоа што не можат да најдат емоционална.
Вага
Вагите се обидуваат да ги заштитат другите да не ги снајде истата судбина како нив. Тие се обидуваат да ги поправат сите проблеми во светот.
Скорпија
Скорпиите се шегуваат на сметка на својата тага. Тие се обидуваат да се смеат и да се заштитат од болката.
Стрелец
Стрелците ја игнорираат својата болка. Тие се забавуваат за да не мислат на тоа.
Јарец
Јарците се затрупуваат со работа. Се трудат да бидат зафатени постојано за да немаат време да бидат тажни.
Водолија
Водолиите пијат, пушат или се препуштаат на друга нездрава навика. Тие си го одвлекуваат вниманието како знаат и умеат.
Риби
Рибите ја губат својата енергија. Тие остануваат дома, под ќебе и чекаат да помине болката.
Прочитајте што заборава секој хороскопски знак кога ќе најде нов партнер.