Како се рангирани хороскопските знаци според нивната способност да сакаат?
Секој умее да сака, на свој начин. На пример, нечиј начин на сакање е тотално скриен и не може да се забележи веднаш, додека друг е способен целосно да се изгуби во љубовта, како и да се пронајде себеси во длабокиот и интензивниот партнерски однос. Па како да дознаете што ве очекува со вашиот партнер? Погледнете ги советите од ѕвездите, што ни кажуваат кои знаци сакаат најмногу и најдлабоко, а кои помалку…
1. Риби
Од сите знаци Рибите најчесто го носат срцето на дланка и не ги блокираат своите емоции ниту во еден однос и ситуација. Рибите се навистина горди на својата отвореност и наивно веруваат дека само треба да го следат своето срце и сѐ ќе оди во нивна корист. А, на нив тоа понекогаш навистина им успева.
2. Скорпија
Скорпиите ги кријат своите чувства и е потребно многу време за да ја освоите нивната доверба. Тие сакаат најдлабоко и најверно, но ќе внимаваат да не се открие тоа или пак да се издадат. Довербата и искреноста се за нив најголемата вредност во врската и затоа нема да се впуштат во односите во кои нивното срце нема да биде 100% ангажирано.
3. Рак
Припадниците на овој знак се помеѓу најемотивните личности, кои исто така имаат голема потреба за љубов и нежност. Но, тие го очекуваат од другите само она што се во состојба и самите да го дадат, а можат да дадат многу. Раковите се жртвуваат заради љубовта, даваат сѐ од себе за да го разберат и усреќат партнерот, ја обожаваат саканата личност и никогаш не им е тешко да вложуваат во односот и да се обидуваат да го подобруваат. Можеби премногу се врзуваат и се премногу заштитнички расположени, но Раковите добро ги читаат луѓето и им веруваат на своите процени.
4. Стрелец
Романтичниот Стрелец добро внимава тој негов дел да остане во сенка и да доминираат разумот и реалноста, па затоа е многу е внимателен во љубовта, бидејќи знае колку многу може да се повреди. Сепак, кога ќе стекне доверба, тој целосно ѝ се посветува на личноста која ја сака, го подарува своето срце, се предава со целото свое битие и најважно, бескрајно ужива во тоа.
5. Вага
Знакот на мир и хармонија, Вагата, секогаш се грижи за сите односи со луѓето. Но, кога станува збор за љубов во партнерски однос, Вагата се надминува себеси – способна е да ги руши сите граници и да вложува во односот многу повеќе од она што се очекува од неа. Вагата умее да се изгуби во односот, но ако ѝ успее со своите напори, давање и вложување да оствари стабилен љубовен однос, тоа е пример за постигнување на сите цели во една врска.
6. Близнаци
Најголемите логичари во зодијакот, Близнаците, ги проценуваат сите причини за и против кога донесуваат животни одлуки. Освен во љубовта. Кога мислат дека се заљубени, Близнаците ќе поминат низ оган и вода за саканата личност, следејќи ја својата страст без прашања и забелешки. За разлика од останатите, Близнаците ги почитуваат љубовните чувства и не земаат ништо во односот здраво за готово. Секогаш треба да им ги искажете вашите чувства и да им изјавите љубов, бидејќи тие добро знаат колку е тоа тешко и умеат да го ценат тоа.
7. Лав
Лавовите сакаат силно, но често погрешна личност. Нивната љубов не е ценета и вреднувана, бидејќи ја насочуваат кон некој што не ја заслужува. Лавовите едноставно ја привлекуваат погрешната личност, но кога ќе се случи да воспостават однос базиран на вистински и искрени чувства, кога ќе го пронајдат во некого она по коешто копнеат, тогаш си докажуваат дека со нив целото ова време сѐ било во ред, само требало да ја променат личноста со која биле во врска.
8. Јарец
Тој ги крие своите чувства зад високи ѕидови, но тие постојат, само што Јарецот не дозволува да бидат на отворено и затоа се однесува ладно и дистанцирано. Потребно е да биде целосно сигурен во другата личност, да стекне доверба за да се отвори и опушти. Во односот со Јарецот, времето е клучот на успехот.
9. Водолија
Најтешкиот однос Водолиите го имаат самите со себе. Може да сакаат други личности, но нивните односи често се неуспешни, бидејќи не вложувале доволно во себе, не се усовршиле доволно. Водолиите се единствени, кога ќе запознаете една, ќе сфатите зошто. Кога ќе запознаете неколку, секогаш ќе ги препознавате по таа посебност. Но љубовта, тоа не е нивен терен, тука не се снаоѓаат баш најдобро.
10. Овен
Цврста фасада и огнена природа – Овенот најтешко се заљубува и предава заради својата силна природа и специфичната тапост во карактерот која се препознава како слепа упорност. Премногу самоуверен, Овенот честопати е доволно горд за да не дозволи да се предаде, бидејќи тој мора да се бори, дури и во љубовта.
11. Девица
Аналитичката Девица се фокусира на себе и на своите цели и не се залага многу во љубовта. Во врската е брзо прилагодлива, но и брзо ги открива добрите и лошите страни на својот партнер и своето однесување го прилагодува на она што веќе го знае. Девицата нема да ја видите неутешна заради скршеното срце, бидејќи таа знае со кого има работа и знае како да се утеши.
12. Бик
Славната биковска тврдоглавост овде се огледува во одбивањето да ги признае своите чувства, како на себеси, така и на личноста кон која ги чувствува. Тој се крие зад тешкиот сарказам и ако сте започнале да го убедувате Бикот во својата љубов, среќно со тоа. Ако немате цврст карактер и способност да не го сфатите лично сето она што ви го сервира од својот брутален репертоар, ќе се скршите и повредите пред да сфатите што всушност се случува. Бикот е најгрубиот знак во целиот хороскоп, но кога после многу препреки конечно ќе стигнете до неговото срце, таму ќе го пронајдете само најдоброто, што ретко кој го добива од Биковите.
Дознајте каков тип маж барате во склад со вашиот хороскопски знак.