Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?
Вага
Фејсбук профилот на личноста која е Вага во хороскоп е убав и шаренолик, секогаш со уметнички и апстрактни слики, додека тие сами на своите фотографии користат разни филтри, бидејќи сакаат да изгледаат поразлично. Имаат многу пријатели, но сепак не ги користат толку многу социјалните мрежи како што изгледа. Омилена активност им е блокирање луѓе, додека често после прегледувањето на туѓите објави сфаќаат дека Фејсбук е навистина досаден.
Скорпија
Скорпиите се делат на два вида – оние кои претерано ги користат социјалните мрежи и ониe кои имаат профили чисто онака. Првите ќе објават сè за да ги воодушеват големиот број пријатели со духовити или паметни забелешки за социјалните трендови или настани. Другите пак, имаат строго ограничени поставки на приватноста, па никој не може да види што имаат на нивниот профил.
Стрелец
Припадниците на овој знак се најчесто оние што објавуваат духови постови, решаваат разни комични тестови на личноста и пишуваат забавни коментари на туѓите статуси и фотографии. На нив социјалните мрежи им се вистинска забава, иако понекогаш сакаат да стават свои заводнички слики за да го зголемат своето его. Имаат многу пријатели, но во глобала, Фејсбук за нив нема големо значење.
Јарец
Јарците секогаш водат сметка за тоа каков впечаток им оставаат на своите пријатели, па ќе им се налутат на оние кои на нивниот профил ќе постават некоја дискриминирачка фотографија или коментар. Не објавуваат често постови и фотографии, бидејќи не сакат да излезат како оние што постојано „висат“ на Фејсбук, но се редовни во проучувањето на она што го прават другите. Профилите ги користат најчесто за промовирање на работните активности, туѓи или свои и ги одбиваат понудите за пријателство од личностите што не ги познаваат. Исто така, го кријат својот љубовен статус.
Водолија
Припадниците на вој знак, исто како Стрелците, најчесто објавуваат смешни видео записи, фотографии и вицови. Сакаат да праќаат пораки, па со нив може да заведуваат или само да го „загреваат“ пријателството. Постојат периоди кога се активни секојдневно, а потоа со месеци не го отвораат својот профил. Своите фотографии ги ставaат од забава и скоро да не им е важно како изгледаат, туку најбитно им е да се поразлични.
Риби
Како еден од најкреативните знаци, на Рибите им е најважно нивниот профил да изгледа оригинално. Ставаат фотографии на кои се со своите пријатели и со семејство, но не такви каде што се сами, бидејќи не сакаат да привлекуваат внимание. Но, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за нив од социјалните мрежи, обидот ќе ви биде залуден.