Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа?

Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа?

Кој од хороскопските знаци е најдобар студент? Кој поставува милион прашања за време на предавањата? Кој мисли дека знае повеќе од професорот? Прочитајте како се однесува секој хороскопски знак на факултет.

Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа

Овен

Се расправа со професорот и се обидува да поттикне страсна дебата помеѓу колегите, дури и ако темата на дискусија (на пример алгебра) не е баш спорна.

Бик

Трудољубиво си фаќа белешки и тивко се жали за недостатокот на структура на часот и за тоа како професорот ставил некое прашање во тестот минатата недела, кога рекол дека нема да го стави.

Близнаци

Имате некој колега кој постојано поставува еден тон прашања, а пред секое од нив дава вовед со некоја негова лична приказна во времетраење од 10 минути? Мора да е близнаци!

Рак

Раковите најчесто седат на средина од предавалната или се кријат зад нечиј грб, обидувајќи се да не бидат на радар, доколку професорот сака да им постави некое прашање на студентите. Претставниците на овој знак делуваат смирено и спокојно, но однатре всушност се постојано под стрес, поради можноста да треба да зборуваат пред целата група студенти.

Лав

Лавот е секогаш кловнот во групата, постојано кажува некои откачени смешки и вицови и така ја претвора најдосадната презентација на светот, во фантастичен перформанс, кој ќе го натера целиот клас да се смее на цел глас.

Девица

Жестоко фаќа забелешки и е целосно фокусирана на предавањата. За секоја нова лекција има пенкало во различна боја и постојано прашува за потврда кога ќе биде следниот тест, а симултано го проверува паметниот телефон, за да види што прават неговите/нејзините пријатели на социјалните мрежи.

Вага

Муабети со луѓето околу неа за сѐ и сешто, од оценки до планови за викендот. Дури на третото предупредување од професорот се смирува и почнува да следи со внимание.

Скорпија

Секогаш седи во последните клупи, набљудува и слуша внимателно. Можете да не чуете глас од неа, сè додека не се случи нешто за кое има цврсто изграден став. Тогаш гласно и јасно ќе чуете што има да каже.

Стрелец

Без разлика за што се дискутира, стрелците секогаш имаат да додадат нешто. Иако седат во школските клупи, со оглед на нивното знаење и сигурноста со која настапуваат, слободно можат да го заменат професорот.

Јарец

Секогаш седат во првите неколку клупи, обидувајќи се да ја следат лекцијата и запишувајќи сè што зборува професорот, за да не пропуштат нешто. Инстантно стануваат омилен студент на професорот.

Водолија

Секогаш се во улога на адвокат на ѓаволот, особено доколку е вмешано и мислењето на професорот. Постојано поставуваат предизвикувачки прашања и наоѓаат начин како да го привлечат вниманието кон другата страна на проблемот.

Риби

Постојано чкрткаат, обидувајќи се да воспостават контрола на нивниот ум кој постојано размислува. До крајот на часот, можеби немаат запишано ништо што кажал професорот, но сигурно имаат нацртано некое ремек-дело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар