Како самите да се лекувате според вашиот хороскопски знак?
Многу култури им придаваат големо значење на астрономските настани. Некои развиле комплексни системи за предвидување на настаните на Земјата од набљудување на небото. Западната астрологија, еден од најстарите астролошки системи кој сè уште се користи, често е поврзана со хороскопот кој објаснува разни карактеристики кај личноста на еден човек и предвидува настани во неговиот живот според положбата на небесните тела. И тоа не само на емоционално и духовно, туку и на физичко ниво. Секој хороскопски знак владее со различни делови од нашето тело. Во продолжение прочитајте кои се вашите карактеристики и неколку совети за да го подобрите вашето здравје.
Овен
Тие се страсни, динамични и со голема самодоверба, но понекогаш знаат да бидат импулсивни. Со оглед на тоа дека нивните глава, коса и лице владеат со нивното тело, Овните се склони кон главоболка, мигрена, недостаток на самодоверба и проблеми со синусите. Исто така може да имаат проблеми со акни, егзема, алергии и опаѓање на косата кога нивната енергија не е во рамнотежа. За да ја одржат потребната рамнотежа треба да си дадат време за одмор со медитирање, готвење или градинарство. Тие треба да ја слушаат нивната душа.
Бик
Биковите се доверливи, добри и посветени, но понекогаш можат да бидат тврдоглави и посесивни. Поради тврдоглавоста можат да имаат проблеми со прилагодување кон некоја промена. Вратот, грлото, тироидната жлезда и горниот дел од грбот владеат со нивното тело, па кога енергијата не им е во рамнотежа, можат да почувствуваат проблеми со грбот, вратот, промена во нивниот глас и суво грло. За да одржат рамнотежа понекогаш треба да ја разгледаат ситуацијата од гледна точка на другите притоа избегнувајќи ја тврдоглавоста. Добро би било да пробаат медитација која ќе им помогне да ги смират нивните мисли.
Близнаци
Тие се интелигентни и живи, но знаат да бидат и напнати, зајадливи и нестрпливи. Нивниот ум и нивните мисли се оние кои им владеат со телото, па проблемите им се манифестираат со расфрлани мисли, збунетост, болки во рацете или дланките и страв од искажување. За да ја одржат рамнотежата треба да пробаат некоја техника за визуализација и да не претеруваат со работењето. Исто така треба да ја подобрат исхраната и да не прескокнуваат оброци.
Рак
Раковите се грижливи, интуитивни и заштитнички души, но можат да имаат проблем со промена на расположението. Според фактот дека нивните гради и срце владеат со нивното тело, тие можат да се соочат со неконтролирани емоции, да се чувствуваат исцрпено и да имаат потреба да бидат сами. Други симптоми кои можат да се појават се болести на респираторниот систем, кашлање и емоционално прејадување. За да ги избегнат овие проблеми, најдобро е да пробаат јога, да излезат на свеж воздух и да прават некои лесни вежби. Исто така добро за нив е да погледнат внатре во себе и да се поврзат со нивното тело подлабоко.
Лав
Лавовите се храбри, креативни и верни луѓе но понекогаш сакаат да бидат главни и нетолерантни. Срцето и горниот дел од грбот владеат со нивното тело, па проблемите кои се појавуваат кај нив се компликации со срцето, тешкотии при искажувањето на емоциите и „затварање“ кон љубовта. Исто така може да имаат недостаток на самодоверба, да чувствуваат срам и страв. Јогата ќе им помогне да го отворат нивното срце. Би требало да ги искажуваат чувствата кон своите сакани и да поминуваат повеќе време правејќи го она што го сакаат. Треба да избегнуваат зачинета и мрсна храна бидејќи таа ќе им ја наруши рамнотежата на енергијата.
Девица
Тие се аналитични, практични и вредни луѓе, но понекогаш и перфекционисти и премногу киритички настроени. Стомакот и дигестивните органи владеат со нивното тело, па проблемите со кои можат да се соочат се тешкотии со варењето, констипација и нарушување во исхраната. Некогаш размислуваат премногу, стануваат тврдоглави и опсесивни. За да ја вратат рамнотежата на нивната енергија важно е да научат да бидат спонтани и да немаат преголеми очекувања. Танцувањето и планинарењето би им биле од голема помош. Треба секоја негативност да ја заменат со прифаќање и спиењето понекогаш треба да им биде приоритет.
Вага
Вагите се романтичари и идеалисти, но понекогаш и неодлучни. Бубрезите, мочниот меур и долниот дел од грбот влијаат со нивното тело па можат да бидат или премногу независни или премногу зависни од некого. Може да се соочат со проблеми со мочниот меур како инфекции, и често уринирање како и болки во долниот дел од грбот. Ќе им помогне доколку бидат подобро огранизирани. Музиката, сликањето и јогата се одлични начини да го избегнат стресот и да ги искажат своите емоции.
Скорпија
Тие се страсни, интуитивни и привлечни, но истовремено љубоморни и опсесивни. Секогаш бараат подлабоко значење на работите бидејќи површните објаснувања не се доволни за нив. Репродуктивните органи им владеат со телото, па поради ова можат да се почувстуваат заглавено или поразено при брзи промени. Кога нивната енергија не е во рамнотежа можат да се соочат со депресија, сексуално преносливи болести и недостаток на сексуални желби или преголемо либидо. За да ја вратат рамнотежата треба да практикуваат техники за смирување како што се длабоко дишење, визуализација и медитација. Поминување време покрај вода им помага да се „наполнат“.
Стрелец
Тие се искрени и големи филозофи, но понекогаш се премногу оптимистички настроени, неодговорни и немирни. Црниот дроб, колковите и бутовите владеат со нивното тело, па здравствените проблеми се манифестираат со проблеми со колковите и црниот дроб, па дури и занесување. Треба да спортуваат за да го искористат вишокот енергија и да прават нешто различно од нивната секојдневна рутина. Лекувањето со звуци е одличен начин да истражат нови места без да ја напуштат собата во која се.
Јарец
Јарците се практични и дисциплинирани, а понекогаш мизерни и песимисти. Коските, колената и забите влијаат со нивното тело. Според ова може да имаат проблеми со прекумерното работење, колената, појавата на кариес и болките во забите. Исто така си создаваат преголем притисок за да постигнат повеќе на работното место, а со ова ги избегнуваат нивните емоции. Ќе им помогне доколку ги прекинат сите отровни врски и се опкружат со позитивни луѓе. Не треба да заборават на нивните соништа кога донесуваат одлука.
Водолија
Водолиите се инвентивни и пријателски настроени, но понекогаш се непредвидливи и емоционално оддалечени. Глуждовите и нервниот систем владеат со нивното тело, па понекогаш се чувствуваат како да изгубиле допир со реалноста. Исто така може да се појават проблеми со глуждовите, анксиозноста и паничните напади. За да си помогнат секогаш треба да бидат искрени кон себе. Треба да ги остварат своите замисли без притоа да ја изгубат големата слика. Треба да се опкружат со луѓе слични на нив кои ќе им помогнат да учат и да созреваат.
Риби
Тие се чувствителни и со бујна фантазија, ама понекогаш се и таинствени и нејасни. Поради фактот дека епифизата и нивните стапала владеат со нивното тело, тие понекогаш може да се чувствуваат „расфрлани“ на секаде. Ова може да предизвика оттргнување од нивната спиритуална енергија и интуиција. Нерамнотежата може да се појави за време на нивно духовно „будење“. За да ја повратат ќе им помогне медитацијата, масажата на стапалата и топлата купка. Треба да го ослободат својот ум, но да не заборават да се вратат на Земјата.
Прочитајте ги и овие совети за среќа според хороскопскиот знак.