Како се караат хороскопските знаци: Некаде летаат пердуви, а некаде се влегува во ринг - Part 2

Како се караат хороскопските знаци: Некаде летаат пердуви, а некаде се влегува во ринг

Како се караат хороскопските знаци: Некаде летаат пердуви, а некаде се влегува во ринг

Вага

Вагата се обидува да не се нервира или да ја скрие нервозата колку што е можно подобро. Личностите родени во овој хороскопски знак се лутат за секакви ситници, а кога ќе сфатат дека се лутеле без причина, ќе започнат да се умилкуваат. Максимумот на нивниот бес е да се свртат и да си заминат затоа што нивната дипломатска особина на карактерот не им дозволува да влегуваат во расправии.

Скорпија

На Скорпијата не ѝ треба многу за да се налути. Овие личности најпрво почнуваат да провоцираат и секогаш се подготвени за ниски удари. Потоа следуваат навреди, а понекогаш се во состојба дури и физички да го нападнат оној што им предизвикал бес. За ситуацијата да биде уште полоша, сето ова нема да биде доволно, бидејќи Скорпиите мора да го задоволат својот нагон за одмазда, па по ова сценарио, ќе креираат план како да се одмаздат. Овие личности демнат прикриено и трпеливо и го чекаат вистинскиот момент за отровната одмазда.

Стрелец

Стрелецот претежно ги нервира луѓето околу себе затоа што обично го кажува тоа што мисли и кога никој не го прашува. Но, кога ќе се изнервира, тој е потполно непредвидлив. Штом еднаш ќе го каже својот став, тој не го менува, но можно е и ладнокрвно да каже сè што мисли, без да сака да се кара или да искрши сè што е околу него.

Јарец

Дисциплинираниот и организиран Јарец максимално се контролира и се обидува да не се лути. Но, ако личностите родени во овој хороскопски знак не успеат во тоа, тие се во состојба да прават врева и да не се смират со денови. Меѓутоа, поради добрите односи со околината, овие личности се подготвени да направат отстапки, иако имаат нагон сè да биде по нивно. Тие знаат да бидат и многу непријатни ако се почувствуваат загрозено и одат од крајности во крајности – штом ќе ве отпишат, тоа е засекогаш и без втора шанса.

Водолија

Водолијата лесно се лути, но брзо заборава, а се лути кога чувствува дека некој ѝ ја одзема слободата или дека некој се сомнева во неа. Бидејќи Водолиите сметаат дека сè знаат најдобро, сакаат да им солат памет на другите и да им кажуваат дека никој не може да ја контролира нивната личност. Овие личности кријат од другите кога се повредени, а потоа стануваат најопасни и подготвени се за агресија и одмазда.

Риби

Рибите се пречувствителни, прифаќаат сè лично и поради тоа често се намуртени. Личностите родени во овој хороскопски знак постојано го менуваат расположението и не знаат што сакаат, но знаат што не сакаат. Кога некој се обидува да им помогне во некоја одлука, тоа многу ги лути. Овие личности најчесто ја задржуваат лутината во себе, а тоа е лошо бидејќи подоцна доведува до депресија и тага. Кога Рибите се караат, не се злонамерни, и ако им се извините, тие ќе заборават на сè.

Можеби ве интересира кои 3 хороскопски знаци се најголеми хејтери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар