Како се чувствуваат хороскопските знаци кога се заљубени?
Кога сте заљубени вие се однесувате различно од вообичаено. Вашите хормони подивуваат и вие постојано заспивате и се будите со помислата за оваа личност. Љубовта може да направи да се однесувате на начин кој не е вообичаен за вас и да чувствувате многу повеќе одошто некогаш сте мислеле дека е можно. Но, што вели астрологијата за начинот на кој љубовта влијае врз вашиот знак?
Овен – Љубовта е како шумски пожар
Вие не се плашите да бидете авантуристи или храбри, па токму затоа и не ви пречи дури ни едвај да ја познавате вашата љубов – вие дефинитивно нема да чекате тој или таа да го направи првиот чекор. Кога станува збор љубов, вие сте неодоливи и грижливи љубовници.
Бик – Љубовта е тест
Вие сте силни и можете да издржите долго време со цел да завршите одредена задача. Кога станува збор за љубовта, вие се чувствувате себично и не сакате да се предадете многу лесно бидејќи сметате дека таа треба да биде заслужена. Имате силни, но длабоко закопани емоции.
Близнаци – Љубовта е бескрајна мистерија
И покрај тоа што сте многу разновидни и социјални, вие повеќе се потпирате на она што е во вашата глава отколку на вашите чувства. Кога сте заљубени, вие сте хаотични и не знаете што да очекувате. Уживате во изненадувањата и возбудата, но љубовта ве исфрла од баланс.
Рак – Љубовта е утешителна
Вие има длабока љубов за домот и вистински ги цените своите семејство и пријатели. Како припадник на овој знак, вие сте водени од своите емоции за скоро сè, па кога ќе налетате на љубов веднаш ја обвивате со топлина. За вас љубовта е како топло ќебе за време на студена ноќ.
Лав – Љубовта ве обзема
Вие имате тенденција да барате вниманието да биде насочено само кон вас. Но, кога сте заљубени, станувате целосно опседнати со личноста која ја сакате. Вие постојано размислувате за него или неа, дури и кога тие се покрај вас.
Девица – Љубовта е лична
Вие имате тенденција претерано да размислувате и да бидете критични кон себе и другите. Затоа кога ќе почувствувате љубов, од страв попрво би направиле саркастичен коментар отколку да ја прегрнете или бакнете личноста пред вас. Вие се плашите да се препуштите на вашите емоции.
Вага – Љубовта ве исфрла од баланс
Вие имате око за уметност, убавина и хармонија. Сакате сите да бидат среќни и да се чувствуваат добро. Имате тенденција да ја искажувате својата љубов преку внимателни гестови и нежни допири, но кога сте заљубени, се чувствувате како вашето срце да е индивидуално суштество.
Скорпија – Љубовта руши ѕидови
Скорпиите имаат голем и храбар живот, а исто така и љубат без страв. Вие ја искусувате љубовта и сите други емоции многу подлабоко од останатите и имате тенденција да се чувствувате малку опсесивно за луѓето кои ви значат.
Стрелец – Љубовта води кон сознанија за себе
Вие сте сјајни, ентузијасти и секогаш во тек со времето. Најчесто сте страсни за нештата кои ги правите, па во љубовта чувствувате дуплирање на оваа страст. Вие сте најсреќни кога чувствувате дека ја задоволувате личноста која ја љубите.
Јарец – Љубовта е бескрајна мисија
Вие знаете да бидете ригидни и многу одговорни, па затоа кога сте заљубени сметате дека само вие можете да направите оваа врска да успее. Љубите со мислата дека тоа ќе трае засекогаш, но не заборавајте дека и другата личност носи дел од одговорноста за успех на врската.
Водолија – Љубовта ве удира кога сте неподготвени
Вие толку многу сакате да го спасите светот, што понекогаш претерано се губите во овие хуманитарни цели и целосно заборавате на вашето срце. Токму затоа и љубовта најчесто ве освојува без да очекувате, предизвикувајќи ви силни пеперутки во вашиот стомак.
Риби – Љубовта е безнадежна посветеност
Вие имате многу силни емоции и секогаш размислувате за другите. Кога сте заљубени, целосно сте посветени на личноста која ја сакате. Покрај љубената или љубениот, вие се чувствувате како во сон, како конечно да сте со личност која навистина ве сфаќа.